• Latest

Квазирепортажа: Македонија – распарана…

March 16, 2016

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home Uncategorized

Квазирепортажа: Македонија – распарана…

March 16, 2016 00:30
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Откако, ние постарите, во 25-те години безумие кое го наследи едноумието,  веќе отрпнавме, за жал, главно неспособните македонски политичари, несвикнати да функционираат ако немаат наредби „на далечинско“ (од Белград или Брисел, сеедно), како кројачи на нашите судбини, да ни го парааат и онака, само „исфирцаното“ македонско општество, по сите национални, ѓоа -идеолошки, религиозни, централно контра локални или урбано контра рурални…шевови, овие актуелниве партиски киднапери на државните институции, во име на Фамилијата, сега сакаат и државата да ни ја скинат на парчиња!

Синиша Станковиќ
Пишува: Синиша Станковиќ

Иако се свесни, и добро знаат дека секој обид на накотените недоветници како нив – од еднаш скинатото, потоа демек,  да скрпат некој „пачворк“ – е однапред осуден на неуспех. Ама, гајле си немаат. Со огин си играат непрокопсаници…

Полнејќи ги џебовите без исаф, немилосрдно крадејќи им ја иднината на нашите деца, ги избркаа од дома сите кои сакаа или можеа да избегаат, а на домашен план, според старата максима „раскарај, па владеј“, ги закрвија Македонците и Албанците, христијаните и муслиманите, десните и левите, „античките“ и Словените, „МЗТ Фемили“ и „Сити Парк Бојс“, ма децата во градинките ги отруја со омразата кон „инаквите“… За пусти ќар и моќ, јагмаџии…

Она што вечерва се случуваше на скопските улици, и што според вестите од поголемите градови во Македонија и во овие моменти, се уште се случува со – патетичните обиди на партијата на власт со сила да домк’не во Скопје што повеќе „уставобранители“, заслепени партиски послушници или рекетирани административци и буџетари, кои изутрина ќе им ракоплескаат на уставните судии кои ги дамкосаа тогите, мора да ги вџаши од страв сите кои се сé уште рационални во државава!

Две групи граѓани, помалубројната, со наредби и закани построена од власта (или според „подоброто“ сценарио – со сендвич, пиво и бесплатен превоз до престолнината – мотивирана) и побројната, организирана од граѓанска платформа со силна поддршка на опозицијата, беа на чекор да се гледаат преку нишан. Всушност, не се ни гледаа, оти меѓу нив, имаше кордон специјалци со штитови и шлемови, ред решетки, па, како „фил“ –  6-7 борни возила, „хермелини“ ли, како ли им е името, од кои на едното злокобно не му беше покриена долгата цевка озгора, па пак, ред решетки, па кордон специјалци во полна опрема…  Закрвените граѓани на Македонија. Од обете страни на барикадите, поставени пред Новиот – Стар театар и Музејот на ВМРО, оној со восокот… Сцена од водвиљ. Да, на прв поглед, ама, секако без холивудски хепиенд.

clp 04 prilep 15032016

Пред Уставниот суд се најдов вечерва за да известувам, додека демонстрантите кои бараа неколкутемина уставни судии да поднесат оставка за да се спаси Уставот, правната држава, па и образот и честа на Македонија ако сакате, тргнуваа од пред Владата. Една млада активистка, ме сретна во толпата контра-демонстранти, и ме праша кои се луѓево, не можејќи да препознае некое од лицата кои со години протестираат, барајќи правда и слобода. И реков да го снижи троа гласот…

Барајќи ги колегите, новинари и сниматели,  премрзнат, одев меѓу контра-демонстрантите, слушајќи ги патриотските песни и читајќи ги потпрените транспаренти на кои пишуваше дека странските шпиони треба да ги држат рацете подалеку од уставните судии и дека Македонија – нема да им ја дадат. Македонија никој и нема да им ја земе на сите фели бранители, зашто, ако се продолжи со арамилакот, неодговорноста, заслепеноста и лудилото, Македонија ќе ја сака и брани само последниот Македонец, оној кој ќе остане да го изгасне светлото… И можеби ќе биде задоволен.

Контра-демостранти

Како вечерва продавачот на шишенца вода, кикирики и сончоглед пред зградата на АЕК. Му врви бизнисот со неколкуте стотици луѓе кои, криејќи се од ветрот и ситниот дожд, под шаторите фиксирани и со големи бетонски блокови, грицкаат во петта брзина, како на фудбалски натпревар. Сендвичите ги изела пладневната смена спонтано натерани… На плоштадчето пред МОБ, бучи генератор во камионче. Нешто мора да ги храни со струја огромните звучници, од кои ечи: „Земјо македонска, уважавам Те!“. Останувам вчудовиден од организационите и финансиските способности на малата партија – ГРОМ на Стевчо Јакимовски, чиј глас ми одекнува зад грбот, додека во какафонијата дијалекти во кафеаната „Пирин“ се обидувам да препознаам некој лик. Нема.

Некој во МВР сепак, бил свесен за ситуацијата која можеше да ескалира (иако не со интензитет како кога е во прашање меѓуетнички судир, но сепак…). Полиција меѓу шаторите на контра-демонстрантите, околу зградата на Уставниот суд, пред и зад Археолошкиот музејот, специјалци на првиот мост од ГТЦ кон музејот, специјалци со кучиња зад зградата на Музејот на холокаустот, специјалци пред и во дворот на црквата „Св. Димитрија“, пред влезот во Турска чаршија, пред Музејот на ВМРО… Откако од другата страна на барикадите се слушна „О бела чао“, активистката замина кон „своите“, а јас и еден колега, побаравме од специјалците да поминеме низ барикадите. Не одбија, но љубезно ни објаснија да поминеме зад црквата и да кружиме до Театарот. Таму, на импровизираната бина ги дочекавме колегите сниматели, лидерите на „Ајде!“, граѓаните… Музиката поинаква, слоганите поостри: „Оставки!“, „Лопови!“, „Нема правда, нема мир!“… Знамиња, слогани и поглед кон „хермелините“

Протест: Одбрана на Уставот од Уставен суд

Заминав, туркајќи се низ толпата. Блокирани улици и ретки пешаци. Пред НУБ, конечно такси – возачот подисплашено ме прашува каква ѓурултија имало? „Ја параат Македонија“, му одговорив. Непара ме разбра, ама муштеријата е секогаш во право. Би сакал да верувам дека и народот е секогаш во право, дека ќе се свести и разбуди, дека граѓан(к)ите нема да дозволат некој да ги турне во нови тензии и судири.

Би сакал утре да се разбудам без специјалци на улиците, а со уставни судии со чист образ и цврст рбет… Ама, знам дека нема ни да заспијам.

Tags: колумнаконтра протестиМакедонијаПротестиСиниша СтанковиќУставУставен судЦивил
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ