• Latest
Фото: Anadolu Agency

Лажни закани со бомби и на Скопскиот аеродром, САД остануваат силни поддржувачи на нашиот европски пат, кампања „Светлина за Украина“ за поддршка на критичната инфраструктура

December 16, 2022

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Лажни закани со бомби и на Скопскиот аеродром, САД остануваат силни поддржувачи на нашиот европски пат, кампања „Светлина за Украина“ за поддршка на критичната инфраструктура

December 16, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Anadolu Agency

Фото: Anadolu Agency

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Заканите за бомби на Скопскиот аеродром, „Ист гејт“, „Александар палас“, салата „Борис Трајковски“ – лажни

Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби во молот „Ист Гејт“, хотелите „Александар палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР. Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави.

Спасовски: Текстот од заканите за бомби е идентичен со оној што се испраќа во регионот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Тетово, зборувајќи за електронските дојавите за бомби кои постајано пристигнуваат на различни места во изминатиот период, рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.

Османи: За заканите за бомби во земјава ги алармиравме структурите на НАТО

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната посета на Општина Липково информриа дека вчера се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава. Османи потенцраше дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот.

Авиосообраќајот се нормализира, заканата за бомба била лажна, велат од ТАВ

Eдиниците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, велат  од „ТАВ Македонија“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер се силен сојузник и ние сме благодарни за континуираната политичка и економска помош. Од почетокот на 90-тите години САД ѝ помагаат на нашата земја во различни области со речиси 1 милијарда американски долари, што покажува стабилна континуирана посветеност на целокупниот развој на нашата земја, истакна Маричиќ на почетокот на средбата.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кампања „Светлина за Украина“

Кампањата „Светлина за Украина“ на UNITED 24 и Министерството за надворешни на Украина за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болници нуди моќно искуство кое ќе ја сигнализира солидарноста на светот со народот на Украина и ќе придонесе за реална поддршка на Украина. Како датум за почеток на кампањата одреден е  19 декември, Денот на Свети Никола во Украина.

Тревога за воздушни напади низ цела Украина

Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Кијив. Тревога е објавена во регионите Кијив, Харкив, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад.

РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи- Косово ја избра Европа, бидејќи Косово е Европа, Србија сака да биде „Југославија“ од резолуцијата 1244, српската полиција 11 часа не и дозволува премин во Мердаре на Рада Трајковиќ

Курти повикува да се отстранат барикадите Тензиите кои долго време се манифестираат со инциденти на северот на Косово се уште не престануваат. Од една страна се косовските власти кои бараат дислокација на барикадите од локалните Срби, а од друга страна е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одлучи да испрати барање до КФОР во Косово  за да испрати српски полициски сили на границата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОВИК ДО ПАРТИИТЕ Цивил упати јавен повик до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја. Тоа можат да го сторат на едноставен начин: на профилите на социјалните мрежи на партиите, ограноците или на партиските лидери, да го споделат линкот до песната од видео каналот ЈуТуб или од Фејсбук.

РАЗВОЕН БУЏЕТ Над 324 милиони евра се предвидени во новиот Буџет на Министерството за транспорт и врски за 2023 година, а тоа е за 135 проценти повеќе од оваа година, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА „ТАРГЕТ- ТВРДИНА“  Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

АМЕРИКАНСКИ ТИМ ЗА САНКЦИИ Посетата на американскиот тим за санкции е во функција на скенирање на состојбите во судството, но политичката порака од тоа е дека треба сами да ги завршиме работите дома во таа сфера, смета претседателот Стево Пендаровски, појаснувајќи дека тие „доаѓале и порано, а ќе доаѓаат и во иднина“, да собираат информации врз основа на кои се формира листата на ентитети под санкции.

ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЦИВИЛ Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се придружи кон јавниот повик на ЦИВИЛ – Центар за слобода кој го упати до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја.

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

Цел месец ги слушаме експертите и надлежните за постоењето на хибридна војна, специјална војна и операции на дестабилизација на државата и општеството во целост. Флуидноста на секторот на информатичка технологија е непознаница како и длабочината на универзумот е заклучокот кој се наметнува од сите тие анализи и соопштенија на МВР. Тешко е да се дојде до авторот на дојавите за бомбите поставени во училиштата, а сега веќе и во виталните институции на системот. Парализацијата што веќе почнува нѐ чини многу. Заклучокот е дека немаме средства ниту знаење да се справиме со оваа нова појава. Значи ни останува само да се плашиме и да се охрабруваме дека нема да нѐ снајде најлошото, пишува Војо Маневски во колумната „Бомбирање“

 

Д. Мишев

Tags: ВестиДневникизјавиколумнирегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ