ТЕМА НА ДЕНОТ
Заканите за бомби на Скопскиот аеродром, „Ист гејт“, „Александар палас“, салата „Борис Трајковски“ – лажни
Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби во молот „Ист Гејт“, хотелите „Александар палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР. Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави.
Спасовски: Текстот од заканите за бомби е идентичен со оној што се испраќа во регионот
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Тетово, зборувајќи за електронските дојавите за бомби кои постајано пристигнуваат на различни места во изминатиот период, рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.
Османи: За заканите за бомби во земјава ги алармиравме структурите на НАТО
Министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната посета на Општина Липково информриа дека вчера се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава. Османи потенцраше дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот.
Авиосообраќајот се нормализира, заканата за бомба била лажна, велат од ТАВ
Eдиниците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, велат од „ТАВ Македонија“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер се силен сојузник и ние сме благодарни за континуираната политичка и економска помош. Од почетокот на 90-тите години САД ѝ помагаат на нашата земја во различни области со речиси 1 милијарда американски долари, што покажува стабилна континуирана посветеност на целокупниот развој на нашата земја, истакна Маричиќ на почетокот на средбата.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Кампања „Светлина за Украина“
Кампањата „Светлина за Украина“ на UNITED 24 и Министерството за надворешни на Украина за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болници нуди моќно искуство кое ќе ја сигнализира солидарноста на светот со народот на Украина и ќе придонесе за реална поддршка на Украина. Како датум за почеток на кампањата одреден е 19 декември, Денот на Свети Никола во Украина.
Тревога за воздушни напади низ цела Украина
Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Кијив. Тревога е објавена во регионите Кијив, Харкив, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад.
РЕГИОН
(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи- Косово ја избра Европа, бидејќи Косово е Европа, Србија сака да биде „Југославија“ од резолуцијата 1244, српската полиција 11 часа не и дозволува премин во Мердаре на Рада Трајковиќ
Курти повикува да се отстранат барикадите Тензиите кои долго време се манифестираат со инциденти на северот на Косово се уште не престануваат. Од една страна се косовските власти кои бараат дислокација на барикадите од локалните Срби, а од друга страна е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одлучи да испрати барање до КФОР во Косово за да испрати српски полициски сили на границата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОВИК ДО ПАРТИИТЕ Цивил упати јавен повик до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја. Тоа можат да го сторат на едноставен начин: на профилите на социјалните мрежи на партиите, ограноците или на партиските лидери, да го споделат линкот до песната од видео каналот ЈуТуб или од Фејсбук.
РАЗВОЕН БУЏЕТ Над 324 милиони евра се предвидени во новиот Буџет на Министерството за транспорт и врски за 2023 година, а тоа е за 135 проценти повеќе од оваа година, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА „ТАРГЕТ- ТВРДИНА“ Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.
АМЕРИКАНСКИ ТИМ ЗА САНКЦИИ Посетата на американскиот тим за санкции е во функција на скенирање на состојбите во судството, но политичката порака од тоа е дека треба сами да ги завршиме работите дома во таа сфера, смета претседателот Стево Пендаровски, појаснувајќи дека тие „доаѓале и порано, а ќе доаѓаат и во иднина“, да собираат информации врз основа на кои се формира листата на ентитети под санкции.
ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЦИВИЛ Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се придружи кон јавниот повик на ЦИВИЛ – Центар за слобода кој го упати до сите политички партии да ја поддржат иницијативата за општествено-политичко обединување за европска иднина на нашата земја.
СЛОБОДНА ЗОНА
Цел месец ги слушаме експертите и надлежните за постоењето на хибридна војна, специјална војна и операции на дестабилизација на државата и општеството во целост. Флуидноста на секторот на информатичка технологија е непознаница како и длабочината на универзумот е заклучокот кој се наметнува од сите тие анализи и соопштенија на МВР. Тешко е да се дојде до авторот на дојавите за бомбите поставени во училиштата, а сега веќе и во виталните институции на системот. Парализацијата што веќе почнува нѐ чини многу. Заклучокот е дека немаме средства ниту знаење да се справиме со оваа нова појава. Значи ни останува само да се плашиме и да се охрабруваме дека нема да нѐ снајде најлошото, пишува Војо Маневски во колумната „Бомбирање“
Д. Мишев