• Latest
Добро утро со Орданоски

Мај 1968 + 50 = 0?

April 17, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Мај 1968 + 50 = 0?

April 17, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]едесет години по светската, мајска, студентска револуција од 1968 година, во Македонија никој не чувствува потреба дури ни да го спомне овој „златен“ јубилеј. Нашето денешно општество е потонато во анестезијата на тековните животни проблеми, низ кои филозофијата на „Купи ден, помини!“ е главниот рецепт за опстанок. Акцентот е на зборот „купи“, бидејќи, во меѓувреме, парите, сфатени како цел, а не како средство, се единствениот идеал што го движат денешниот свет напред.

Насловот на овој текст е позајмен од мојата несигурна меморија, бидејќи мислам дека го имав негде прочитано пред 20-30 години, кога се одбележуваа тогашните јубилеи за 1968-та. Тогаш ми се виде релевантен. Денеска ми се чини уште поточен.

Пред 50 години на улиците на Париз, а потоа и во разни други земји во Европа, се бараа образовни реформи, работничко самоуправување, децентрализација на моќта, автономија на универзитетите, а во политичка смисла се спроведуваше жив експеримент за своевидна утописка негација на реалноста… Денес, пак, низ многу европски престолнини, на улиците често се бара протерување на мигрантите и забрана за „инаквите“, повторно подигање на паднатите европски граници, се бара работа, ред и дисциплина, се бара тврда гаранција за реалноста.

Впрочем, деновиве, еден од водачите на француските студентски протести, Даниел-Кон Бендит, запрашан во што е разликата меѓу тогаш и денес, вели дека „во 1968 ние не се плашевме за иднината“. Сега речиси и да нема некој што не е уплашен за иднината. Некогашното „Бидете реални, барајте го невозможното!“, денеска е претворено во „Бидете реални, и ова што го имате можете лесно да го загубите!“

Што е право, идеите на 68-та беа натопени и од духот на парискиот лев брег на Сена, во 5-иот и 6-иот арондисман, оној дел од Париз преполн со театри, кафеа, кина, места за спектакли и опуштеност; каде на тротоарите пред Кафе де Флор и кај ривалскиот, Ле Ду Маго, во Сен-Жермен-де-Пре, во шеесеттите и многу пред тоа се собираше француската и светската лева и крајно лева, либерална, уметничко-политичка интелектуална елита, од Сартр и де Бовоар, до Ками, Пикасо, Брехт и стотици други…

Сакам да кажам, протестите во 1968 беа, ако сакате, и еден вид на радикална интелектуална и уметничка форма, плус и една задоцнета, пост-воена артикулација на еден марксистички револт на Француската комунистичка партија и нејзините симпатизери против француската индустријализација и буржоазијата која не се претргна во спротивставувањата на хитлеризмот две-три децении пред тоа.

А потоа, во неколку недели, како шумски пожар во нискостеблеста шума, младешките протести се раширија речиси низ цела Европа, од Прашката Пролет, до протестите во тогашната југословенска престолнина, Белград.

Денес енергијата на Макрон и тој негов, сепак, центро-левичарски популизам, еден вид на француска верзија на пропаднатиот британски тони-блеровски „Трет пат“, потсетува на некои „стари вина“ од „подрумите“ на 1968… Од друга страна, пак, некои француски автори деновиве со право предупредуваат дека и самиот Макрон не е имун на деголистичкото, вертикално сфаќање на моќта, каде претседателот на Републиката се гледа како Татко на Нацијата, а моќта се спушта од горе, надолу.

И, каква е нашата денешна врска со идеите и енергиите на 1968 во Франција?

Па, не би било претерување, во тој контекст, да се влезе во анализа на идеите и енергијата на „Шарената револуција“… Но, веднаш потоа, нешто друго ми паѓа на памет што има врска со Франција, а нема врска со 1968: фактот што овде сè уште умираат деца од туберкулоза и на породување, како во романите на Балзак!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: 1968демократијаМакедонијаПаризПрашка пролетПротестислободатуберкулозаШарената револуција
Share117TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ