• Latest

Македонија оди по тенка жица

August 29, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Македонија оди по тенка жица

August 29, 2018 12:21
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сѐ можеше да биде подобро. Буквално сѐ. Првата грешка од почетокот на отпорот против диктаторчето и неговата Фамилија беше да се седне со нив на преговарачката маса. Тоа го бараше и меѓународната заедница. Еднаш, запрашан од извесни дипломати, зошто толку го критикувам Јоханес Хан на почетокот на тој тежок и матен процес, мојот долг одговор содржеше и прашање: Дали Груевски ќе беше разрешен, ако не и зад решетки или во домашен притвор, доколку прислушуваните разговори излезеа во некоја од членките на ЕУ? Одговорот беше да. Потоа следеа безброј такви ситуации. Ние на улица, а Груевски во комотни преговарачки фотелји. Чекор по чекор, тој ја изгуби наклоноста и заштитата од странските дипломати, а неговата демисија стана неминовност.

Џабир Дерала

СЈО заврши маестрална работа до сега и сѐ уште лавовски се бори криминалците да се соочат со полната сила на правдата. Но, колку тоа е доволно за навистина да дојдеме до состојба на слобода, правда и еднаквост, колку тоа значи вистинска трансформација во демократско општество – се гледа на секој чекор, го чувствува секој човек што не е загаден со корупција и манипулации со епски размери.

Во овој критичен период, кога на тацна ни се сервираат членството во НАТО и интеграција во ЕУ, благодарение на храбрите и мудри одлуки на Заев и Ципрас, одиме по тенка жица меѓу силите на минатото што го живееме СЕГА и иднината што можеме да ја доживееме, повторно – СЕГА.

Дејствувањето на Мицкоски и кликата што го постави и му газдува веќе одамна не е обично политикантско калкулирање, туку е класичен заговор против интересите на државата. Хистеричниот национализам, фашизмот и омразата што ги истураат со години наназад се само една димензија. Со неа некако се справува општеството, секако, со многу жртви. А, може да се справат и институциите кога ќе решат да почнат да го заработуваат лебот од јавните пари. Но, најопасно од сѐ е шурувањето со тајните служби што не му сакаат ништо добро на Балканот. Тоа е едно очигледно систематско, стратешко подривање на темелите на демократијата и напредокот на земјата.

Без оглед на тоа дали некој ќе гласа ЗА или ПРОТИВ или ќе реши да апстинира од гласањето, дали во знак на бојкот или затоа што не може или не сака да ја сфати важноста на секој поединец во општеството, институциите се тие што имаат обврска (!) да ја заштитат законитоста. ВМРО-ДПМНЕ и Бојкотирам се служат со противзаконски постапки, регулирани (казниви) според Кривичниот законик. Справувањето со заговори од овој вид не е наша обврска, туку на институциите. Нема да ги набројувам, на наш грб се постојано – и заговорниците и мрзеливите (благо кажано) институции.

Сите шанси што ги доби Мицкоски во текот на лидерските средби (пак ќе кажам, неуспешни, непотребни и незаслужени) и неговото одбивање на сите понуди, јасно укажуваат за деструктивната димензија на оваа политичка партија. Нема ништо толку недостоинствено како неславната улога што ја презеде Мицкоски и неговата асистентка со двете тешки торби во рацете, а тоа беше да бараат АМНЕСТИЈА и толку, ништо повеќе.

Дел од понудите се изненадувачки, како онаа за учество на ВМРО-ДПМНЕ во власта, но дури и тоа го одбија! Со жестокиот национализам со кој настапуваат во јавноста влегуваат во една опасна политичка самоизолација и на внатрешен и на надворешен план. Нејасно е како ја замислуваат својата политичка иднина како евентуални победници на парламентарни избори. Нејасно е како мислат да го артикулираат сѐ погласното внатрепартиско барање за демократизација и модернизација. Веројатно се откажале и од бенефициите што ги носи членството во меѓународни политички структури. Со еден збор – хаотичен распад, агонија. Затоа и толку отров истураат околу себе. Отров за сите пари (и рубљи и денари)!

Референдумот ќе успее и со помош на патриотите од оваа партија што сѐ уште е киднапирана од Фамилијата. Но, главниот збор ќе го имаат граѓанките и граѓаните, без оглед на нивната политичка или етничка припадност.

Освен што ќе успее референдумот, мора да мислиме и на денот потоа. Да ги засукаме ракавите и да ја поправиме штетата што направија ликовите што ги користат омразата и поделбите за да се извлечат себеси и парите што ги украдоа. И да ја затресеме владата што не ги исполнува ветувањата, а може.

А за Мицкоски, што да се каже? Сѐ си кажа и покажа самиот.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 30 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Фотографија во прилог на текстот: Maria Spelterini crossing Niagara Falls on July 4, 1876

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиГрцијаЗаевизолацијаМакедонијаМицкоскиреферендумСДСМСпогодбафамилијаЦипрас
Share142TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ