• Latest

Мантрата на ВМРО-ДПМНЕ

December 26, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мантрата на ВМРО-ДПМНЕ

December 26, 2017 12:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува мантрата на прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ во очајничките обиди да се оправдаат злосторничките акти на напаѓачите на Собранието на 27 април годинава. Прес центарот во континуитет се обидува да го дискредитира СДСМ и ги велича напаѓачите, но денеска со нешто поблаг тон, веројатно како резултат на вчерашниот текст на ЦИВИЛ Медиа. ВМРО-ДПМНЕ го прикажува судството во светлина во каква што го остави – дека е под политички диктат. Па, така, во денешното соопштение се вели дека „правосудството е под јаремот на СДСМ“. 

Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи. Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември.

ВМРО-ДПМНЕ „заборава“ дека тоа се затворите кои тие ѝ ги оставија во наследство на Македонија и дека на температури под нулата беа десетици политички затвореници на режимот на Груевски.

Понатаму, во соопштението се вели: „Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага неоткриена категорија.“ Овој став како да е „позајмен“ од извештаите на организациите за човекови права, меѓу кои и оние на ЦИВИЛ во изминатата деценија. Таков е и ставот: „Прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин. Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото.“

Како и да е, во прашање се нијанси во вокабуларот, но сеедно со јасна порака: и по Груевски, останува Груевски, наспроти смената на врвот на „демократските“ внатрепартиски избори кои се одржаа за време на вонредниот конгрес на оваа партија во Валандово на 22-23 декември. Да се потсетиме, единствениот кандидат за нов лидер беше послушникот на Груевски, Христијан Мицковски. Очигледно, Мицковски ја лажеше јавноста кога стапи на функцијата и повика на политичко помирување и вети дека партијата ќе биде конструктивна.

Џабир Дерала

Tags: 27 априлВМРО-ДПМНЕНикола Груевскиправдапрес центарСДСМСобраниеХристијан Мицковски
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ