• Latest
Маричиќ: ЕУ покажа дека има план и одговорност за нас. Имаме и ние план кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена“./Фото: Влада.мк

Маричиќ: Со вистинска желба кај опозицијата, низ разговор ќе најдеме модалитети што не отстапуваат од преговарачката рамка

June 14, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Со вистинска желба кај опозицијата, низ разговор ќе најдеме модалитети што не отстапуваат од преговарачката рамка

June 14, 2023 20:53
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Маричиќ: ЕУ покажа дека има план и одговорност за нас. Имаме и ние план кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена“./Фото: Влада.мк

Маричиќ: ЕУ покажа дека има план и одговорност за нас. Имаме и ние план кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена“./Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерската средба треба се уште да ни биде некаква точка, некаква одредница од којашто може да градиме поинакви односи и поинаков правец на целата приказна, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Топ Тема.

-Факт е дека има отстапувања во последните неколку денови, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на некои претходни позиции, но она што е битно што според мене се преминаа веќе границите на оној наратив што до сега ДПМНЕ го градеше во изминатите година дена, а тоа е дека е ова предавнички договор, дека е тоа процес на бугаризација, процес на асимилација и нешто што ќе ни го одземе нашиот идентитет. Сега гледаме дека всушност принципиелно ВМРО-ДПМНЕ нема против внесувањето на Бугарите како дел од Уставот но разговараме за условите под кои што тоа би се направило за да се осигураме дека нема да има нови уцени или нови блокади од Бугарија и за да се осигураме дека нема нашиот идентитет да биде доведен во прашање, рече Маричиќ.

Тој смета дека доколку има вистинска желба кај опозицијата може низ разговор да се дојде до моделитетите што се во рамки на преговарачката рамка и што се во рамките на она што е веќе договорено за да се уверат дека можат да гласаат за уставните промени без да имаат грижи во однос на овие прашања.

-И СДСМ и ДУИ се поставија многу великодушно и отворено према идеите на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Ковачевски ја истакна понудата и за учество на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, лидерството на ДУИ јасно кажа дека доколку тоа е пресудно ДУИ може и да отстапи од учеството во Владата за определен период до завршувањето на гласањето до изборите, така што ако одиме на првите три што се суштински точки, а тоа е гласање со одложено дејство со амандманите или дополнителни гаранции од државите членки сметам дека можеме, прво да провериме што од тоа е реално возможно, инаку ние можеме таму да кажеме и да ставиме дополнителни услови кои што нема да ни помогнат за да ја преминеме наредната фаза, затоа е битно да правиме реални проценки и да правиме услови во разговорите кои што ќе ни помогнат да ја продолжиме наредната фаза на преговори, а не кои што ќе не сопрат, истакна Маричиќ.

Tags: БугариВМРО-ДПМНЕМаричиќСДСМУставуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ