• Latest

Мајсторот на „некажаното“: Од подемот во опозиција, до освојувањето и зајакнувањето на власта – со антиалбанство

January 28, 2017

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Мајсторот на „некажаното“: Од подемот во опозиција, до освојувањето и зајакнувањето на власта – со антиалбанство

January 28, 2017 13:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вториот дел од анализата „Груевски: Историја на еден анти – Албанец“, новинарот, медиумски истражувач и активист за човекови права, Петрит Сарачини, го опфаќа периодот на мамутската серија со мотиви на љубов и омраза меѓу партнерите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, од 2004 до 2011: коалицирањето на ВМРО-ДПМНЕ со ДПА и ДУИ, донесувањето на законот за територијална поделба, крвавите парлемнтарни избори од 2008, процесот на антиквизација и „Скопје 2014“, спорната Енциклопедија и изборот на Иванов за претседател на државата, инцидентот на скопското Кале…

Пишува: Петрит Сарачини

Најпрво, ни треба еден вовед и контекст. Груевски, од личност која се сметаше за политички неизделкана и во сенката на својот политички патрон, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, го започна подемот во рејтинзи и во политичкото соѕвездие на Македонија во 2004 година, како новодојден лидер на најголемата опозициска партија, токму со прашањето за законот за територијална организација, којшто овозможи малку поповолна позиција за Албанците, во однос на општините и локалната власт.

ВМРО-ДПМНЕ, тогаш, го нападна законот донесен од власта на СДСМ и на ДУИ, како концесија за Албанците што води кон федерализација и поделба на државата (ви звучи познато?). Таа година, опозицијата официјално започна иницијатива за референдум за да се спречи законот. Референдумот, во кој доминираше на антиалбанска реторика, не успеа, бидејќи СДСМ и ДУИ (и Албанците, воопшто) го бојкотираа референдумот. Сепак, Груевски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ освоија над 500.000 гласови, што ја покажа јасно траекторијата на идниот победник – на парламентарните избори, две години подоцна.

Но, Груевски не запре тука. Тој, пред изборите во 2006-та, често повторуваше јавно дека ќе стави „мораториум на меѓуетничките прашања”, дека Рамковниот договор е затворено прашање, дека ќе се фокусира на економијата…, а најмногу повторуваше дека „нема да прави влада со терористи”. По изборите во 2006 година, на кои победи со мала разлика, Груевски ги реализираше своите цели. И покрај фактот дека ДУИ повторно освои најголем дел од албанските гласови, тој за заедничко владеење го избра својот стар партнер, ДПА на Мендух Тачи.

Бродец, 2007

Следните две години, поминаа со малку економија, а повеќе со блокади и парламентарен бојкот на ДУИ. Во ноември 2007 година, специјалните единици на македонската полиција влегоа со тешко вооружување во селото Бродец, тетовско,  каде се судрија со група вооружени етнички Албанци, што резултираше со осум загинати Албанци, десетици уапсени, но и со стотици жители кои беа претресувани, тепани и малтретирани во различни форми.

„Фокусираниот економист” Груевски, во меѓувреме, по сè изгледа, го промени својот фокус. Преименувањето на аеродромот, стадионот и автопатот со имињата на Александар Велики и Филип II, ѝ дадоа на Грција изговор да го претстави тоа на меѓународната сцена како провокација, како територијална претензија и кражба на историјата. Ова подоцна резултираше со грчкото вето за членството на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, со што, Груевски за еден подолг временски период го „закочи” речиси едногласниот стремеж на Албанците во Македонија за интеграција кон Запад и во евроатлантските структури.

Истата година, Груевски го искористи општонародното разочарување кај Македонците од ветото, и со брзи (се разбира) предвремени парламентарни избори, со помош на ДУИ, со кои претходно го направи Мајскиот договор, а кој не го испочитува никогаш до крај, ги декласираше опозициските социјалдемократи, кои беа претставени како „предавници” кои „сакаат да го продадат името”. ДУИ, која сега ги поставува како услов разговорите за името и интеграциите, тогаш сметаше дека ова е „работа на Македонците“.

Изборите од 2008 година беа меѓу најцрните во историјата на Македонија, со мртви и ранети, пукање, насилство – во избирачките места кај Албанците… И покрај логистичка поддршка од Груевски за неговиот партнер ДПА, ДУИ повторно го освои поголемиот дел од албанските гласови и на тој начин се исцрта јасно и патот за новата коалиција, ВМРО-ДУИ. По две изгубени години, залудно.

ВМРО-ДУИ: Вљубување, Дел 1 (2008-2011)

Со новата власт на ВМРО-ДУИ, со ставање на два „екстрема“ во една вреќа и една запрега, на оние кои се гледаа преку нишани за време на конфликтот во 2001 година (а и потоа), се постигна политичка стабилност. Барем така им изгледаше на странците. Но, набргу потоа, „комитите и командантите” сфатија дека може и да „соработуваат”. Често користејќи ги етничките прашања за политички цели или за одвраќање на вниманието од актуелните проблеми, од корупцијата и криминалот.

Во меѓувреме, Груевски не престана да им прави „добрини” на Албанците, сè во функција на неговата политичка стратегија.

Во 2008 година, власта подготви т.н. закон „за трето дете”, што предвидува финансиска помош за семејствата кои имаат трето дете, но само во општините каде што има проблеми со природниот прираст, што автоматски ги исклучуваше општините каде што живеат мнозинство Албанци! Беше потребно да се преземе иницијатива пред Уставниот суд, за да се укинат дискриминаторските делови на овој закон.

Енциклопедија, 2009

Груевски беше и главниот „инспиратор и промотор” на познатата Енциклопедија, која беше објавена во 2009 година, а во чии референци, Албанците, меѓу другото, (она вообичаеното за „страшилото”), се опишуваат и како „планинци”.

На (зачудувачки) редовните претседателски избори во истата година, уште една мала игра на Груевски на „албански” терен. Во првиот круг, повеќе од 100.000 гласови, вклучувајќи тука и гласови на десетици илјади Македонци, отидоа на контото на Имер Селмани, политичар без  етаблирана и традиционална партиска структура и машинерија зад него! Тој во медиумите се конструираше како имиџ на „македонскиот Обама”, кој ги обедини Македонците и Албанците. Можеби за наивните.

За оние, коишто ги знаат работите подобро, беше јасно дека од десетиците илјади гласови за Селмани (поранешен министер за здравство и потпретседател во првата Влада на Груевски, онаа со ДПА), иако имаше од и оние што го дадоа својот глас искрено, повеќето беа гласови на ВМРО-ДПМНЕ, кои има цел да се намали „цената на пазарот“ на ДУИ, бидејќи Селмани освои многу повеќе гласови од нејзиниот кандидат Агрон Буџаку, како и да се ослаби што повеќе позицијата на Љубомир Фрчкоски од СДСМ, кој, освен тоа, го носеше и негативниот багаж кон Албанците, од времето на неговото учество во власта како министер за внатрешни работи на СДСМ во 90-тите. Добивањето на првиот мандат како претседател, со ваква „подготовка”, дури и за еден „изгубен“ во политиката, како Ѓорге Иванов, не се доведуваше во прашање.

Токму во овој период беше претставена идејата за проектот што ја одбележа кражбата на векот – „Скопје 2014“. Груевски и тука го искористи, не само „античкиот” наратив, туку и „каршилакот” кон Албанците. Подготви речиси целосно моноетнички проект, со стотици статуи на Македонците (или оние кои историјата на Груевски ги смета за Македонци), на кој подоцна (се разбира, преку политички преговори како за „големо“ прашање), му се додадоа неколку споменици на Албанците, чиешто поставување се влечеше со години.

Немоќта на ДУИ во овој контекст беше илустрирана појасно подоцна, неколку години по почетокот на љубовта со ВМРО-ДПМНЕ, кога високи функционери на ДУИ зедоа токмаци и чекани со цел да ја урнат статуата на Цар Душан, донесена и изградена со буџет за кој гласале заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Статуата не се скрши, но тензиите се зголемија. Со месеци, специјални единици го чуваа двометарскиот споменик на најголемиот српски владетел, крунисан во Скопје, во XIV век. А да не зборуваме за „селфито” на Артан Груби со споменикот на Методија Шаторов, во брзање да се прогласи „победа” со поставувањето на првиот споменик на Албанец (партизанот Неџат Аголи), меѓу стотици војводи, комити, антички и средновековни кралеви. Убав театар…

Кога веќе зборуваме за скулптурите, уметноста, театарот и Артан Груби, неодложно мора да се спомене и една од епизодите на мамутската серија со мотиви на љубов и омраза меѓу партнерите ВМРО и ДУИ, таа на скопското Кале од 2010 година, која беше увертира за (а за акви други, освен предвремени) парламентарни избори во 2011 година.

Инцидентите на скопското Кале

Груевски почна да се гради црква (или црква-музеј, како што објаснуваше подоцна) на самото Кале. Политичарите Албанци се вознемирија, отидоа ноќе заедно со неколку париски војници и почнаа сами да ја уриваат започнатата градба. А, сето тоа претходно поминало во Владата и во буџетот, без противење на Албанците! Следниот ден, на социјалните мрежи започнаа јавни повици за „одбрана на Калето” меѓу македонски групи на навивачи и хулигани и националистички групи, во кои доминира влијанието на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорот на Албанците не задоцни ни минута, од слични структури блиски на ДУИ. „Битката” која се одржа на Калето меѓу партиските мускули и хулигани, на оние кои владеат заеднички, беше циркус сам за себе. Македонски полицаец апси Албанец, заменик-министерот Албанец го ослободува, пред камери. Со ова сценарио на „одбрана на Калето”, ДУИ излезе силна во очите на Албанците, а Груевски, со почетокот на изградбата на црквата на „муслиманското Кале” и со „одбраната”, испадна силен во очите на својот електорат.

Губитници, пак, беа обичните граѓани и меѓуетничките односи. Истата игра, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја играат неколку години подоцна, со обидот за поставување на крстот во Бутел и поставувањето на орелот во Топанско поле, две населби на Скопје.

(Продолжува)

Во утрешното, трето продолжение на анализата:

ВМРО – ДУИ: Усовршување на меѓуетничката игра за лични придобивки, Дел 2 (2011-2014)

Tags: „Скопје 2014“Али АхметиЃорге ИвановизбориИмер СелманиКалеМендух ТачиНикола Груевски
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ