• Latest

Матис: Аплауз за вашите напори да го постигнете историскиот договор со Грција

September 17, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Матис: Аплауз за вашите напори да го постигнете историскиот договор со Грција

September 17, 2018 16:09
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓаните да го искористат своето демократско право и да гласаат на референдумот кој е историски за натамошниот напредок на Македонија на патот на интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ,  и во тоа ја имате поддршката од САД“, изјави американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Матис потсети на годишнината од референдумот на кој од 95 отсто од граѓан(к)ите и граѓаните се одлучива за независност на земјата, и дека за две недели ќе добијат уште една можност за да ја придвижат земјата напред.

„Ви аплаудирам за вашите неуморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа со Грција. Знаеме дека тоа бараше трпелива дипломатија од двете страни и компромисите се секогаш тешки“, рече Матис.

Тој потсети и на изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека со приклучувањето во НАТО, Македонија ќе добие еднакво место во најуспешната воена алијанса заедно со 29 други земји членки кои се обврзуваат да ги штитат граѓан(к)ите и граѓаните.

„Ние сме подготвени да ви поскаме добредојде како 30. членка на НАТО“, порача секретарот за одбрана на САД.

По завршувањето на заедничката прес-конференција, американскиот секретар се сретна и со претседателот, Ѓорге Иванов, со кој рече дека ќе ги продолжи разговорите за светлата иднина на земјава.

Претседателот Иванов на средбата истакна дека пристапувањето во НАТО и ЕУ останува стратегиска цел и највисок приоритет на Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион.

Иванов се заблагодари за поддршката што Македонија ја добива од САД, со цел унапредување на реформите во одбраната и безбедноста.

„Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО-компатибилна и за тоа сме им благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и за новите предизвици“, порача претседателот.

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, пристигна претпладнево во Владата, каде што оствари средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Тој на Меѓународниот аеродром Скопје беше пречекан од министерката Шекеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли.

А. Петровска
фотографија: Киро Попов/kolektif.mk

Tags: Ѓорге ИвановЕУЗоран ЗаевНАТОподдршкаРадмила ШекеринскареферендумСАДсредбаЏејмс Матис
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ