ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Пред една недела се стави потпис на договорот со кој се дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на тунелот на идната пруга Скопје – Софија. Потписот го ставија вицепремиерите и министри за транспорт на двете земји – Александар Николоски и Гроздан Караџов во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, САД, ЕИБ. ЕБОР и на Светска банка, а на церемонијата присуствуваше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Накусо – зад ова стоеше притисок од НАТО и точка.
Во гостувањето на Телма кај водителот Боби Христов министерот Николовски беше потсетен дека Караџов дошол со воз од Ќустендил. Таа забелешка секако има свое значење, бидејќи нашиов функционер не е познат како љубиел на возови, иако ги има во ресорот, што да се прави.
Николовски рече дека Караџов патувал со брзина од 30 километри на час и додаде со иронична насмевка дека тоа е „нивен проблем“.
Е па министре, со каква брзина возат македонските возови?
Па и не знаеш кога не се возиш со ова транспортно средство. Некогаш од Скопје до Веелс се одеше за 45 минути со стоење на сите станици. Сега ако тргнеш, а стигнеш уште овој ден е успех! Така е на сите три линии на кои има транспорт за патници! Катастрофа. На делови од пругите и околу Скопје се оди понекогаш и со 10 километри на час. Ама изгледа и Христов не се вози со воз, бидејќи, можеше да го потсети гостинот на овие факти.
М. Д.
Преземено од Фејсбук профилот на Авторот












