• Latest
Фото: Скриншот

Мировни преговори кои тоа не се

March 27, 2025

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мировни преговори кои тоа не се

„Претприемачот“ Трамп, „неблагодарниот“ Зеленски и „добриот дечко“ Путин

March 27, 2025 20:01
in БРЗА ПОШТА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Паралелните разговори помеѓу САД со Русија и САД и Украина во Саудиска Арабија оваа недела постигнаа согласност од украинските и руските лидери за спроведување на прекин на огнот во Црното Море и 30-дневен прекин на нападите врз енергетски цели.

Но, Кремљ го услови прекинот на огнот со помошта на САД во олеснувањето на пристапот до нивниот извоз на храна и ѓубрива и повторното поврзување на државната земјоделска банка Роселхозбанк со системот за плаќања Свифт. САД соопштија дека го проучуваат руското барање. И не побараа од Путин да каже „благодарам“

Украинскиот претседател ја обвини Москва дека е неискрена за постигнување мир бидејќи во тек на мировните разговори, руските сили лансираа напади со 117 беспилотни летала и балистички ракети врз украинската цивилна инфраструктура, што според Зеленски е доказ за вистинските намери на Кремљ, кои во блиското опкружување на Трамп, поврзани во некој групен чат (експонирани во аферта „Сигнал“), никако не можат (или не сакаат) да ги согледаат.

Доналд Трамп притисокот за прекин на борбите во Украина го имаше насочено само кон украинската, нападнатата страна, нарекувајќи го Зеленски „неблагодарен“ и „диктатор“ (потоа се правеше недоветен, наводно не се сеќаваше дека го рекол тоа), додека истовремено, за него Путин беше “добриот дечко“.

Дури неодамна, како малку да се свести, па се запраша дали Путин е навистина посветен на мировниот договор.

„Мислам дека Русија сака да види крај на тоа, но можно е да одолговлекува“, ќе рече Трамп во едно  неодамнешно ТВ интервју.

Стратегијата на Украина да се вклучи конструктивно во разговорите, покажувајќи дека е подготвена да се согласи со предлозите на САД за примирје, беша за да ја префрли одговорноста за прекин на огнот врз Русија, и да ја покаже вистинската намера на Кремљ – да одолговлекува, да купува време и да не прифати никакви други услови поинакви од сопствените, а во меѓувреме, преку лажна посветеност на преговорите, да ги затопли односите со САД, и преку Трамп да излезе од изолацијата, да издејствува намалување, па и укинување на санкциите, и враќање на Путин како фактор на глобалната политичка сцена.

Фокусот на Трамп, всушност, цело време беше на економските придобивки кои од прекинот на огнот би ги имал прво тој, како врвен претприемач и трговец со недвижнини, потоа неговите блиски соработници, олигарси-милијардери, па дури потоа САД, на штета на меѓународниот углед на земјата.

Трамп најголем дел од времето за постигнување крај на војната го потроши обидувајќи се да издејствува  договор со кој на САД ќе им даде пристап до украинските критични минерали, за потоа, откако под силен притисок и уцена со кратење на воената помош и разузнавачките информации, од украинскиот претседател изнуди ветување дека ќе ги добие природните ресурси на земјата, се сети дека може да ги добие на располагање и украинските енергетски централи.

Да, токму на тоа се однесува постигнатиот договор за 30-дневен прекин на нападите врз енергетски цели!


Текстот е личен став на авторот
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО: Мишев говори за мировните преговори САД-Русија-Украина во изданието на КОЛЕГИУМ од 28 март 2025
Tags: мировни преговориРусијаруска агресија врз УкраинаСАДУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ