• Latest
Драган Мишев, новинар, ЦИВИЛ Медиа(фото: Б.Јордановска/ЦИВИЛ)

Мишев: Руската пропаганда опстојува во нашите медиуми

May 4, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Мишев: Руската пропаганда опстојува во нашите медиуми

May 4, 2023 13:51
in ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Драган Мишев, новинар, ЦИВИЛ Медиа(фото: Б.Јордановска/ЦИВИЛ)

Драган Мишев, новинар, ЦИВИЛ Медиа(фото: Б.Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Најповолен амбиент за руска пропаганда од земјите на Западен Балкан има во Србија.  Со започнувањето на руската агресија врз Украина, сите оние принципи на слободно новинарство беа погазени. Русија уште повеќе ја зголеми бруталната репресија врз руското новинарство, што понатаму како домино ефект се одрази на останатите земји“, истакна новинарот Драган мишев на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права“, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Мишев ги посочи како пример над 500 злосторства врз новинари што се случија во Украина од почетокот на руската агресија.

„Што се однесува, пак, до пропагандата во Македонија, таа, за разлика од Србија, не е толку голема. Сепак, има голем број на проруски поддржувачи, меѓу националистичките групи кај Македонците, кои линкот го гледаат во некое православно братство со Русија, иако и во Украина се православни“, рече Мишев.

Мишев потенцираше дека ако руската пропаганда ја ширеа медиуми од кои се очекуваше такво нешто, сега дури и мејстрим медиумите, директно или индиректно придонесуваат кон нејзино ширење.

„ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи вложува огромни напори да го демаскира рускиот наратив кој се пласира по македонските медиуми. Но, мора да признаеме дека тие наративи, и покрај сиот напор, опстојуваат во нашата земја, со индиции за негово зголемување. Наше е да ги откриеме, но додека вистината ја облекува кондурата, лагата веќе го свртела половина свет“, изјави Мишев.

Во контекст на Извештајот на Репортери без граници за слободата на медиуми, и покрај нотираниот напредок на нашата земја, Мишев истакна дека ако правиме паралела со 2016 година, тој напредок е за 80 места.

„Извештајот нотира и дека покрај напредокот, сепак, многу се раширени дезинформациите и владее одреден непрофесионализам што доведува до опаѓање на довербата во медиумите во нашето општество“, истакна Мишев.

Б. Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Драган МишевМедиумируска пропагандаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ