Мисијата на ОБСЕ во Скопје и амбасадорот Килиан Вал го крена знамето за кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство со што го означи нејзиниот почеток.
Во наредните 16 дена, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, ОБСЕ ќе ја пренесе пораката дека со кревање на гласот и преземање дејствија, се засилува овогодинешниот повик: „Заедно делуваме, заштитуваме и спречуваме“
„Во наредните 16 дена, ние стоиме заедно со глобалното движење за подигање свест, поддршка на преживеаните и промовирање долгорочна, системска промена. Насилството никогаш не е прифатливо. Секој заслужува безбедност, достоинство и почит“, објави Мисијата на ОБСЕ во Скопје на Фејсбук.












