• Latest
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро во куќниот притвор – САД со осуда

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025 18:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Двајцата премиери оценија дека договорот ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

– Драго ми е што имавме прилика да разговараме на овој билатерален состанок. Ова е мошне важно за нас. Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји и фактот што можевме да го потпишеме овој меѓувладин договор, сметам дека е од голема важност и тоа покажува дека ние ќе решаваме многу работи меѓу двете држави. Ова е навистина одлична можност и се радувам на оваа билатерална средба и на билатералниот договор. Мислам дека имаме многу да направиме заедно и со ова само ќе напредуваме. Се надевам дека ќе можеме уште повеќе да работиме заедно, со вашата земја и да ги продлабочиме односите кои што ги имаме, изјави Стармер на средбата со Мицкоски.

И македонскиот премиер Мицкоски изрази задоволство и благодарност за потпишувањето на договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство.

– Навистина сум мошне возбуден што ќе работиме заедно, што нашите две држави ќе можат да работат заедно. Ние сме сојузници во НАТО и со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билагтерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски. Со ова ќе се подобри и ќе се сподели искуството на Обединетото Кралство во овој дел на Европа. Сметам дека Балканот е навистина инспиративно место и ви посакувам добредојде во вашата многу посилна улога во тој дел на Европа, изјави Мицкоски на средбата со Стармер, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Договорот, кој се оценува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени. Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство, велат извори од Владата.

Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МицкоскиСтармер
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ