• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Многу врева за ништо

December 7, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Многу врева за ништо

За продавањето магла

December 7, 2025 18:01
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
ОЛИВЕР АНДОНОВ

Добро би било малку да одмориме од силната тензија, би рекол секојдневна, од настапите на премиерот. Еве сега, по трет пат стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ, едногласно и без конкуренција и време е малку човекот да одмори. Се напна човекот, водеше неизвесна борба за местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во ептен тесна конкуренција. Веројатно прашање беше дали сите едногласно ќе го изгласаат или некој ќе апстинира. И му апстинираа, ама сега ќе го мачи кои тоа. Најголема дилема беше дали ќе собере неопходни 30 (триесет) потписи за да може да се кандидира. Но ете успеа со судни маки.

Многу врева за ништо и сега е време малку да одмори, а и нас да не одмори од глупости, сепак доаѓаат празници, а и тука е месецот Јануари, семејниот месец, кој ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ треба да го прославиме, бидејќи нели сме семејство. Додуша, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме третото дете или што би рекол нашиот народ „истресок“, ама сепак, нели сме семејство, па и од трета.

За реалноста

А убаво зборуваме како Внатрепартиска фракција цели три години дека е неопходно да се демократизира партијата, за што всушност и ја организиравме внатрепартиската фракција. Единствената цел е демократизација на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и нејзина нормализација или ревитализација како современа европска (и про-европска) конзервативна политичка партија. И сега одеднаш испадна дека Мицкоски е најголемиот заштитник на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, дека со крв (што се вели) ќе го брани Статутот од самиот себе. Има уште цели четири години за да видиме дали ќе се случи нешто такво – не верувам. Во меѓувреме Мицкоски ни порача дека нема да поддржи преголема амбициозност за функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ после него (доколку не се пишмани околу себе си). Тоа пак е во спротивност со неговиот став дека нема да поддржи никого кој би се кандидирал како негов наследник. И сето ова е проекција за следните четири години, а за четири години „да сме живи и здрави“. Сешто се
случува, човек може да го смени мислењето а посебно доколку се сменат условите или уште повеќе интересите, но и порано да го заврши мандатот – не се знае. Посебно доколку доверителите имаат за реализација некоја сметка која не ја наплатиле. Всушност ние како ВМРО-ДПМНЕ сме формално партија, ние сме компанија бидејќи на чело имаме газда раководен од други – затскриени газди. И како секој сопственик со 100% удел и тие си ја употребуваат партијата за лични интереси. Поентата на формирање и делување на политичките партии овие лица под илјада маски ја разбрале не како спроведување на јавни политики во остварувањето на идеологијата, вредностите и политичките интереси на членовите на партијата и интерес на нацијата и државата преку нивна јавна општествена и политичка активност, туку како клиентелистичка мрежа која тие ја организираат и воспоставуваат и преку која ги остваруваат своите лични лукративни цели. Се друго, како и 18-от Конгрес е претстава за граѓаните и обичното членство која треба да ја прикаже „моќта“, а најмногу лажниот патриотизам.

Затоа и на Конгресот во Кавадараци освен оние кои по службена должност мораа да зборуваат и тоа со празни флоскули, никој ништо не кажа ниту пак се осврна на политиките на партијата во изминатите барем четири години, особено во однос на членството во ЕУ. Интересни беа on line обраќањата, не на раководството на ЕПП – го немаше Манфред Вебер, туку тоа беа лични обраќања, па дури и во нив беа испратени директни пораки за Коридор 8, европските перспективи и нашите обврски, па дури и во однос на хибридните закани од Русија, со исклучок на обраќањето на Орбан и Јанша и секако со неизбежното „Северна“. Дури и „Стратегијата Македонија 2030“ беше само обичен националистичко-политички памфлет.

И повторно Мицкоски се повика на неговата подготовеност да разговара за неговите политики и решенија, но никако да дојде до таков разговор, но кажа и една вистина за прв пат. Тоа е дека нашата ВМРО-ДПМНЕ денес е само наследник на светите букви ВМРО, на буквите – не на идеологијата. Христијан,
членовите – „конгресмнеите“ ти се во страв и цинични и на сон не си помислуваат да ти постават прашање за твојата работа и политиката на партијата, а не пак некој од назначените за делегати да се обидат да поддржат против кандидат. Тие знаат и се свесни дека таквиот обид ќе значи нивна политичка маргинализација и отстранување од ресурсот за егзистенција, наречен буџет. Затоа и егзистираат само клиентелистите, лојални на газдите на партијата. Поради тоа внатре во ВМРО-ДПМНЕ нема плодни и содржајни дискусии и политички идеи. Ами нема никакви политички дискусии и идеи, а не пак не плодни, има само насоки кои се спроведуваат, а кои многу често се на штета на граѓаните, на Македонија и на самата партија. Ние – подржувајќи го Мицкоски, како партија внесуваме на дело тоталитаристичка матрица на политичко-општествено однесување и тоа не само во партијата, туку и во општеството. Погледнете само како се однесуваше Мицкоски кон Васко Поп Петревски и го прогласи за портпарол на СДС умрено кога му постави мааалку незгодно прашање со мала компарација на однесувањето некогаш и сега. Што би се рекло, со нашето однесување придонесуваме и ја ставаме Македонија и нејзините граѓани да живеат „помеѓу егзистенцијата и тортурата“. Со тоа што тортурата не е физичка (иако не е исклучена)
туку е пред се егзистенцијална. Поради тоа и ни бегаат луѓето, пред се младите, со визија никогаш
да не се вратат.

Се прашувам што Мицкоски направи во своите два мандати како претседател на ВМРО- ДПМНЕ? А сега го реплицира Црвенковски во неговиот „Договор за Македонија“ низ некаков божем нов „Договор со граѓаните“. Повторно излитени фрази и флоскули кои асоцираат на некој други времиња и личности. Аман веќе, кога ќе разберете дека ВМРО-ДПМНЕ нашата партија е политичка партија, политички субјект кој не прави договори со граѓаните туку има обврска за реализација на ветеното на избори, а внатре во партијата да направи суштински демократски промени. Посебно привлекува внимание дека Мицкоски ја поистовети партијата со себеси, на еден суптилен начин тоа им го кажа на членовите и уште ја направи конекцијата со државата-тоа сум јас, ама низ призмата на суверенизмот и политичко лидерство низ прагматизам кој го гледа во етно-политичка мобилизација преку божем загрозеност на идентитетот, а што е всушност веќе видено во Минхен 1934. Ме интересира само која е таа стратешка мисла – идеја која ја има и на кој начин и преку кои индикатори ќе ја следи и спроведува стратегијата? И во целата таа
демократичност на едноумието, сиверенизмот и божем патриотизмот во нашата партија, и последиците врз општеството, одеднаш на Мицкоски му текнало дека позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на владата не се поврзани. Добро утро Колумбо! А што мислиш за идејата, сега, откако те избраа за претседател на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат, да се посветиш на твоето „трето дете“ и да отстапиш од позицијата претседател на владата. Претседател на владата може да биде било кој од партијата, а ти како претседател на партијата да се обидеш да оставиш сериозен траг во ВМРО-ДПМНЕ во насока на нова реорганизација на партиската структура, телата и органите и нејзина демократизација преку промена на Статутот. Потоа врати се за претседател на владата кога ќе ти истече мандатот како претседател на партијата. Вреди да пробаш, или сепак не?

За српскиот свет – Македонија и ЕУ

Детски, не се појавуваш на некој јавни настани и се разболуваш за да плиткоумните, посебно клиентелистите и полтроните можеш да ги манипулираш. Додека во сред Скопје се србуваше на чело со Стоиљковиќ и сите стопански комори на Србија на јуриш ја освојуваа Македонија, ти беше болен. Ами Стоиљковиќ во чија влада е потпретседател? Реков, тоа е приказна за малоумни која ја пласираш, мислејќи дека тие кои навистина гледаат не те гледаат. Е те гледаат и тоа длабински те гледаат Христијан, низ скенер, и не се глупи, знаат што правиш.

Сепак, добро е што оздраве за Конгресот инаку немаше кого да гласаат. Единствениот кандидат ќе беше „избиран“ во отсуство. Е, види добра идеја, во иднина и тоа може да го испробаш, да те избираат во отсуство, па така ќе покажат поголема лојалност кон тебе, како кон Божество. За да не биде празно можеш да ставиш и твоја слика на бината во природна големина, Но добро е, се на се покажа дека можеш и да не се појавуваш во јавност и да тресеш глупости. Онаа платформата со проекти финансирани од владата е интересна досетка за мафтање народ. Ме интересира дали и Стоиљковиќ ќе направи таква платформа за тоа колку ќе ја внесе српската економија (читај бизнис – Алте банка и нафта) во Македонија. Онака за да видиме каков е текот на парите за кој нели многу се грижиш.

Додека српскиот свет во потполност и на секое поле ја окупира Македонија, Мицкоски упорно не брани од „бугаризација“, дури и на самиот Конгрес. Србизацијата не е проблем, нели?

За „албанизацијата“ не се зборува, тука се коалиционите партнери, тоа е тема за ФБ патриотизам и подигање на омраза, по потреба – не наша.

Во меѓувреме додека клиентелата се занимава со омраза кон Бугарија, помалку или повеќе кон Албанците и Албанија (зависно од потребата) и љубов кон власта во Србија, нашето време истекува. Таа Бугарија која има страшни и видливи проблеми со корупцијата, криминалот и обвинителството покажа дека има внатрешни сили, граѓанска свест за државата и се уште во еден дел демократски политички партии во Собранието кои се борат за правна и нормална граѓанска држава. Но ние нема да воспоставиме комуникација со бугарските политички структури која ќе биде полезна за во иднина. Ние нема да го искористиме моментот кога ЕУ ја има ставено Бугарија под мониторинг за буџетските трошоци, обвинителството, корупцијата и се друго. Ние ќе си тераме наша приказна за внатрешно политикантски потреби и ќе се бориме за српскиот свет. А токму сега е вистинското време да се направат уставните измени, да се притисне Бугарија пред ЕУ да не бара ништо повеќе од Македонија затоа што ќе мора да се занимава со самата себе и самата себеси да се оправдува пред ЕУ. Ние ги пропуштаме миговите во кои можеме да бидеме креатори на политики и процеси од наша полза. Мицкоски се занимава со внатрешна политика која е бура во чашка за ракија. И повремено не убедува дека Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ, а и за тоа никој на Конгресот не го праша. Врз кои параметри ја темели својата божем политика? Никој
ништо помеѓу клиентелата не мисли, скраја да е да размислува.

Оттука, нашите политиканти наместо да размислуваат и дејствуваат, тие извршуваат задолжение на трети и четврти страни како една мала прохи држава во регионот во рамките на големата Руска операција против ЕУ и НАТО. Што подалеку од ЕУ, толку подобро за клиентелата, газдите, доверителите и извршителите, а се полошо за македонските граѓани.

Пролог

Како што заврши Конгресот и бурата во чашка од ракија за да има јавноста за што да зборува и со што да шпекулира (иако вистинска тема за шпекулирање ќе беше доколку на Конгресот имаше повеќемина кандидати), така доаѓа времето за празници и семејниот месец. Па ајде време е веќе што би рекле нашите сограѓани Албанци Pushim, pushim – kur pushim? (Одмор, одмор – кога одмор). Ајде Мицкоски одмори малку – Pushoni pak што би рекле нашите сограѓани Албанци, а и нас одмори не од твоите јавни обраќања, коментирања на разни теми, експертизи за се и сешто, политички коментари и кавги со сите и насекаде и постојани фалби. Седи во влада (ако те држи место, ако не оди качувај се на Водно), пишувај си дневници, гледај филмови, гледај забавни емисии, допишувај се во приватни групи со твоите другарчиња, партиски и владини, оди на ручеци, само не се појавувај во јавноста. Дај да одмориме малку од тебе. И така самиот најави дека дури на пролет ќе правиш „реконструкција“ на владата. Засега си мирен и по оваа прашање и
затоа ајде одмори малку. Успеа да издадеш домашна обврзница и да го покриеш Јануари, и така граѓаните ќе бидат во празнична атмосфера, па така веројатно ќе тегнеш до пролет. А на пролет, наместо реконструкција за очекување е дека ќе одиш на предвремени избори за Собрание. Колку да се фати последниот воз пред нагло да почне да паѓаш, со ризик да и не го завршиш третиот демократски мандат кој во силната политичка и идеолошка борба сам со себе го извојува во партијата. Делегатите беа остро поделени дали да гласаат за Мицкоски или за Христијан, но на крајот победи вистинскиот. Важно дека задоволството од тоа дека за единствен кандидат е предложен Мицкоски Христијан беше видливо и егзалтирачки поздравено.

Аирлија нека е, и нека се множат демократските вредности во ВМРО-ДПМНЕ водено од цврстата рака на лидерот кој гради монолитност кај своето трето дете кое ја слуша Заветна и бара оправдување дека тоа што го вети пред изборите 2024 година не се остварувало наеднаш или никогаш, не разбрав баш.

Проблем е што тоа требаше чесно да се каже на граѓаните тогаш, а и на „конгресмените“ (што би рекол Сајко) – клиентелистите, пред изборите а не сега откако за година и половина не сме никаде подалеку отколку како со СДС умрено ем кооперативно.

Проблем е и што монолитните скулптури се безживотни и нееластични, па кога ќе паднат се раскршуваат во парам парче, а сметката ќе ја платат нашите сопартијци, но и македонските граѓани.

Имам едно прашање кое е добиено како информација од поддржувачи на Внатрепартиската фракција кои беа дел од делегатите на Конгресот: „Колку точно делегати имаше на овој Конгрес, колкумина беа присутни на Конгресот и кој“? Секако по добра стара демократска пракса не го објавивте јавно списокот на делегати како што предвидува Статутот, односно никаде не се регулира колку делегати треба и има Конгресот. Ова никако да го каже Верификационата комисија а ниту претседавачот на Конгресот. Тоа што се поминуваше со акламација е веќе јасен демократски тренд, но интересно е и тоа што од 817 кои гласале, за Мицкоски гласале 804 делегати. Дури и како единствен кандидат 2% од делегатите не го гласале Мицкоски – интересно.

Да утврдиме јасно дека Мицкоски е избран по трет пат, како единствен кандидат, од страна на само 804 (осумстотини и четири) членови на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Што мислат останатите членови е прашање на кое Мицкоски не сака да го знае одговорот.

Ајде сега на одмор. Одмор, одмор – кога одмор? Е па кога ќе одмориш Христијан? Не за друго, туку ние да одмориме од тебе и така крена многу врева за ништо околу божем Конгресот.

П.С. Го замолувам Груевски да го замоли Мицкоски или обвинителството да бидат уапсенипси Заев и Филипче, не за друго туку да не не занимаваат со празни муабети од типот ММЕ кој прв почна, а всушност многу суптилно и не толку суптилно да се праќаат пораки до членството на нашата ВМРО-ДПМНЕ. За тие пораки во некоја друга колумна. Засега само да замолиме, за да знаете и „двете страни“ дека некој гледа и подлабоко што тоа правите. Нема потреба од ФБ забави и цртани филмови, сепак не ни ја навредувајте интелегенцијата.

П.П.С. Инаку, Христијан, за дел од тоа што зборуваше во „Стратегијата“ одамна ти напишавме. Очигледно како Внатрепартиска фркција не следиш што пишуваме и крадеш идеи, ама не ја знаеш суштината, затоа и самата стратегија и божем принципите ти се збир на флоскули и божем намери.

Посебно ме фасцинира принципот на правдата и ме носи кон прашањето за правда за Кочани. Потоа образованието исто така ме остави во недоумица, особено околу квалитетот на луѓето кои насила ги туркаш – спротивно на Закон во високото образование како резултат на твоите лични договори. Впрочем, како ќе постигне државата технолошки напредок без образуван кадар и млади кои ни бегаат од татковината. И тука е и прашањето за улогата на државата при што ти се во колизија основните темели на Стратегијата со принципот за државата. А штом европската ориентација е цивилизациска определба, ајде те молам тогаш примени ја таа цивилизациска определба и внеси ги Бугарите во Устав без да се затскриваш врз етно-политичките принципи и да се покриваш со светите букви ВМРО, или тоа беше за јавност а пред делегатите зборуваше друго.

Посебно запрашај се колкава е довербата кон тебе лично и кон твоите демократски вредности кога по трет пат беше сам и единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно статутарно ги оневозможи кандидатурите на други евентуални кандидати. А потоа пред делегатите зборуваш уште сега за квалитетите и карактерот кои треба да ги има твојот наследник.

Ете тука во партијата, во нашата ВМРО-ДПМНЕ започнува и завршува се, а најмногу вистинската љубов кон Македонија. Се друго е лага и тоа на јавна сцена. А „резултатите“ ќе ги видиме многу брзо. Посебно низ иднината која ветуваш дека ќе ни ја создадеш повторно повикувајќи се на единство, но какво единство, кој со кого, и каква иднина, каква извесност, посебно надвор од ЕУ?

И повторно – Многу врева за големо ништо.

Текстот е личен став на авторот.

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ