Религиските организации, вклучително и црквата и исламската заедница, се структури кои егзистираат во цивилното општество, имаат свои интереси, ги афирмираат во согласност со нивното учење, и тука нема никаков проблем. Но, во оној момент кога тие ќе ги искористат механизмите на партиското организирање, механизмите на личното пријателство, на невладини структури и стануваат фактор, тогаш настанува општествената дебата за границите, вели вели универзитетскиот професор Цане Мојановски, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали религијата смее да се меша во уредувањето на секуларната држава како што е нашата?
Во моментот кога ќе се појави процесот на злоупотреба на цивилното општество, и тие ќе се наметнат како доминантни политички ставови. Мислам дека македонското општество и македонските институции имаат јасен концепт, без разлика на дебатите во цивилното општество, посочи Мојановски.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети