• Latest

Меркел: Солидарност и взаемно почитување во политичките спорови

December 31, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меркел: Солидарност и взаемно почитување во политичките спорови

December 31, 2017 10:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел во новогодишното обраќање повика на солидарност и взаемно почитување во политичките спорови.

–  Да се потсетиме повторно кои вредности нѐ обединуваат, повторно да ја ставиме заедницата во преден план, да се обидеме повторно да посветиме поголемо внимание еден на друг, но вистинско внимание – навистина да бидеме внимателни, навистина да слушаме, да покажеме разбирање, рече Меркел.

Таа вети дека ќе се заземе за справување со растечките социјални разлики во германското општество и дека ќе работи за составување стабилна влада.

Како приоритети ги посочи зголемувањето на инвестициите во безбедноста и одбраната, подобрување на здравството и образованието, како и напорите за надминување на растечката нееднаквост помеѓу градот и селото.

– Светот нема да нѐ чека. Сега треба да ги создадеме условите кои ќе гарантираат дека Германија ќе продолжи да просперира следните 10-15 години. А Германија ќе просперира само ако успехот се однесува на сите луѓе и им го подобрува животот на сите, додаде Меркел.

Според неа, клучното прашање во наредните години ќе биде зајакнувањето на Европската унија и нејзиниот економски успех, а во исто време да ги зајакне надворешните граници и безбедноста. Канцеларката вети дека следната година, заедно со Франција, ќе ја промовираат кохезијата на ЕУ.

– Иднината на Германија е поврзана со иднината на Европа, истакна Меркел, додавајќи дека сите 27 земји членки треба да покажат солидарност.

Заедницата мора да ги заштити своите вредности, како внатре, така и надвор од своите граници и мора да го стори тоа со солидарност и со доверба во својата моќ. Станува збор за тоа дали можеме да работиме за фер и економски успешна Европа. Германија и Франција се подготвени да работат заедно за таа цел, истакна канцеларката Ангела Меркел во новогодишното обраќање.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Ангела МеркелвредностиГерманијаЕвропаекономијаЕУзаеднициполитикапочитсолидарностспорФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ