• Latest

Мустафа Имери е новиот директор на Филхармонија; Вработените ќе бараат кривична одговорност од министерот Љутков за политичка одлука за именувањето

March 26, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мустафа Имери е новиот директор на Филхармонија; Вработените ќе бараат кривична одговорност од министерот Љутков за политичка одлука за именувањето

March 26, 2025 15:12
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, вчера го потпиша решението за избор на Мустафа Имери за нов директор на Филхармонија на Република Северна Македонија.

Мустафа Имери е професор и раководител на Катедрата за албански јазик во СОУ „Илија Николовски-Луј“ 15 години, и е прв Албанец што доаѓа на раководното место во оваа инсттитуција.

Вработените на Филхармонија се противат на одлуката за неговото именување како директор, веќе од февруари, а вчера од Синдикатот на Филхармонија реагираа со отворено протестно писмо до министеот за Култура и туризам, Зоран Љутков.

Оттаму велат дека одлуката на Љутков да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија, е уште една потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен и незаконски начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции.

Според Синдикатот, Љутков донел политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дискфалификува, тој решил на незаконски начин да го назначи за директор кандитатот кој на конкурсот не ги доставил сите потребни документи и со тоа ги прекршил условите припишани во Законот за култура и во самиот конкурс.

Од Синдикатот порачуваат дека ќе бараат кривична одговорност за Љутков, и дека не им била важна етничката припадност туку конкурсот да биде спроведен на законски и транспарентен начин и со кандидат што ќе ги исполни сите услови.

„Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков кој наместо да ги почитува законите реши до крај да го истера меѓупартискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ. Нашето единствено барање до Љутков беше конкурсот да се спроведе на законски и транспарентен начин и да се избере кандитатот кој ги исполнува сите услови. Не ни беше важна етничката припадност и на самиот почеток се оградивме од ваквиот наратив“, порачуваат од Синдикатот на Филхармонија.

Оттаму реагираа и на насловите на порталите на албански јазик, во кои се наведува дека Филхармонија а прв пат доби директор Албанец.

„За разлика од нас, уште вчера, пред официјално да биде доставено решението за назначување во нашата институција, албански портали пренесоа дека Мустафа Имери ќе биде прв Албанец на чело на Македонската филхармонија чии “врати досега биле херметички затворени за Албанците”, велат од Синдикатот.

Мустафа Имери е професор и раководител на Катедрата за албански јазик во СОУ „Илија Николовски-Луј“ 15 години, и е прв Албанец што доаѓа на раководното место во оваа институција.

Д. Т. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ