• Latest

Нов случај на екстремен говор на омразата од „левичарите“, Апасиев прво го споделил, а потоа го избришал постот

January 15, 2021
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Нов случај на екстремен говор на омразата од „левичарите“, Апасиев прво го споделил, а потоа го избришал постот

January 15, 2021 23:09
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со хаштагот „децата крв ќе ви плукаат“ ја заокружија неделата неколку Фејсбук страници на радикалните структури во земјава, вклучувајќи го и првиот човек партијата „Левица“, Димитар Апасиев.

Страницата Трета опција, која е дел од пропагандната структура на „Левица“, денеска објави тенденциозен коментар за Министерката за образование, Мила Царовска.

Пораката со злокобниот хаштаг, во моментот на регистрирање на овој случај на говор на омразата во кој има отворена закана, е споделен од 52 профили, меѓу кои се активисти на радикалните структури и партискиот челник на Левица.

Апасиев подоцна го избришал постот, но до моментот на бришењето се бележат 669 лајкови. Во моментот на затворање на овој извештај (15 јануари 2021, 22 часот), постовите на Ленка, Бојкотирам и други, сè уште се во интернет сообраќајот.

Реакција на овој екстремен говор на омразата, имаше новинарот и активист Петрит Сарачини, кој на својот Фејсбук профил коментираше:

„Децата крв ќе ви плукаат!“, со овој хаштаг страницата Трета опција, која е дел од пропагандна структура на страници на ФБ кои често споделуваат содржини на левото Димче и Левица, коментира друга тенденциозна содржина за дискредитација на министерката за образование Царовска, ширена денес од пропагандата на левата и десната рака на мвро-вмро.

Уште мислите дека левото Димче и овие насилници се безопасни, дека не треба да им се посветува внимание? Денес се нечии други деца под закана, мислите утре нема да бидат вашите?!

Верувам дека МВР ќе постапи по овие закани и говор на омраза. Моето прашање повторно е, имаме ли обвинителство во државата, ќе ги гони ли некој, ќе ги суди ли некој насилнициве?

Реакција на овој најнов изблик на омраза на социјалните мрежи што го пласира организирана политичка структура, имаше и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала:

„Ништо друго и не може да се очекува од една радикална десничарска структура каква што е партијата со лажно име Левица. За жал, можеме да очекуваме дека овој речник ќе се интензивира во наредниот период. Познато е дека говорот на омразата води и кон дела од омраза. Затоа, време е релевантните институции конечно да се разбудат. Со ова, во прв ред мислам на Обвинителството.“

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ постојано ги следни и разобличува лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. Голем број граѓанки и граѓани пријавуваат ги пријавуваат овие случаи и на онлајн формуларот на ЦИВИЛ. Организацијата продолжува со повиците да се пријавуваат случаи на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Tags: Апасиевговор на омразатаЛевицаТрета опција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ