• Latest

Новаковски: Собранието не треба да прави компромиси!

August 8, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новаковски: Собранието не треба да прави компромиси!

August 8, 2017 15:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Утре ќе продолжи седницата на чиј дневен ред е разрешувањето на Основниот  јавен обвинител Марко Зврлевски, која вчера по 18 часот, ја прекина претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Дебата меѓу пратениците се одвиваше околу тоа дали Собранието работи законски, ако и покрај тоа што се распишани локалните избори, се разрешуваат и назначуваат лица на јавни функции.

Додека ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тоа е незаконски, СДСМ контрираше дека таа обврска не важи за Собранието, туку само за извршната власт.

Адвокатот Александар Новакоски, правен експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, вели дека постапката е во согласност со деловникот на Собранието, а има и мислење од Советот на обвинители.

„Продолжувањето на дебатата нема никакво влијание врз изборите, бидејќи Собранието е единствено надлежно да одлучи дали ќе ја заврши дебатата или не. Никакво мислење на Антикорупциска не може да има влијание врз одлуката. Собраниското тело надлежно за оваа точка дебатирало и постапката може да се одвива, согласно со одлуката на Собранието. Завршувањето на дебатата и гласање по изборите од прв круг е исто така, проблематично, бидејќи изборите не се конечно завршени. Собранието треба да ја заврши точката и да гласа, а не да прави компромиси кои предизвикуваат низа нелогичности“, вели Новаковски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесоа барање за мислење по однос на примената на член 8-а, став 1, алинеја 4 од Изборниот законик.

„Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 5 јули, сѐ уште е во тек, а тоа е во спротивност со член член 8-а, став 1, алинеја 4 од Изборниот законик, според кој, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за градоначалник, или членови на Советот, односно до конституирање на советот на општините и Градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување на нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а воедно, започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи“, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму, како што велат, очекуваат Државната комисија за спречување на корупција во најбрзо време да се произнесе за нивното барање.

М. Ивановска

Tags: АнтикорупцискабарањеВМРО-ДПМНЕизбориЈавен ОбвинителМарко ЗврлевскиСДСМседницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ