• Latest

Неславната улога на македонските синдикати

April 17, 2016
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Неславната улога на македонските синдикати

April 17, 2016 22:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Најкуса дефиниција за синдикат е антипод на власта, а пошироката е -асоцијација на работници за заштита и остварување на што подобри услови и поголеми права и спречување на обидите на работодавaчите и власта во заобиколување и злоупотреба на законската регултива.

Monika Taleska
Пишува: Моника Талеска

На ова мало парче земја со пречник од околу 200 км, со децении, до почетокот на плурализмот, ССМ беше единствена работничка асоцијација. Факт е дека ревносно ја остваруваше својата улога, зашто немаше чести, еклатантни примери на кршење на работничките права. Редовно беа исплаќани плати со придонеси, работниците одеа на летување на сметка на синдикатот, преку синдикатот остваруваа социјални привилегии од типот на бесплатна правна помош, парична помош или заем од т.н. помагателна каса при свадби, погреби, болести во семејството… Синдикатот во својот развој се издигна на ниво на признат, рамноправен партнер во економско-социјалниот совет, па колективните договори се потпишуваа само со амин на оваа асоцијација.

ПЛУРАЛИЗМОТ И ПОТОА…

Како што се менуваше владејачката партија во државата, така се менуваше и идеологијата во ССМ. Па, од комунистички, со почеток на плурализмот и овој синдикат имаше социјадемократска ориентација. Како одговор на ССМ, се „роди“ Унијата на независни синдикати, која делеше шеќер, масло и други производи по месни заедници, за да привлече членови, кои пак по дифолт беа и гласачи на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во тие превирања, хронологијата на македонските синдикати го бележи отцепувањето на масовниот синдикат за образование и наука – СОНК од ССМ во самостоен синдикат, којшто според своите политики беше перманетна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

А, со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ССМ, пак ја смени идеологијата и именува раководство кое синдикатот го срасна со власта. И наместо реални заложби за примена на законската регулатива во фирмите, во кои сé уште масовно се кршат работничките права, ССМ неколку години со ред, ја глорифицира власта, прокламирајќи ја својата неславна послушничка улога.

Сопствениците на големите компании, кои сакаат без турбуленции да ги продолжат своите бизнис политики за што поголем профит,им дозволуваат на работниците да продолжи синдикалната активност, со тоа што раководствата на основните организации се кадри, блиски, ако не и членови на владејачката партија. Иако тоа не треба да биде ни спорно, проблем е што, овие раководства, наместо да ги штитат работничките права, преку синдикатите, всушност, лобираат изборни гласови. Па сега, синдикатите во Македонија, без оглед дали е СОНК или ССМ, личат на партиски подружници. Лидерите уживаат големи привилегии, членовите, за жал, и високообразовани кадри кои треба да го спроведуваат образовниот процес во државата,  се во добар дел, само слепи послушници на власта, опортунисти, конформисти за ситни интереси…

СИНДИКАТИТЕ – „ПОД“ ЗА ВЛАСТА

Срамните постапки на овие синдикати, наспроти малиот број истакнати членови кои и натаму се борат синдикатот да ја зачува својата примарна функција, доведоа дотаму, што СОНК и одделни синдикати-членови на ССМ, деновиве му честитаа на според нив, „исклучително одговорниот и мудар татко на нацијата“, претседателот Ѓорге Иванов, за „историската и државничка одлука која е насочена кон просперитетна иднина“, со која државата, впрочем, се доведе до степен на аномија.

Па, наместо антипод на власта, сега синдикатите стана „под“ за власта.

За чудо, никој од СОНК и ССМ не реагираше. Овие бедни изјави на синдикатите не беа проблем за најголем дел од наставниците и професорите, кои за да си го зачуваат своето работно место, наместо да ги едуцираат учениците на морал, одговорност, почитување и примена на законската регутива, изразуваат партиска послушност, па трчаат од часови во Скопје, на срамните контрапротести, за следното утро да доцнат на настава. Одличен модел за учениците.

А, другите синдикалци, блиски до опозицијата, како да се заспани, како да не се ни свесни дека некој ги манипулира, дека партиските апаратчици во улога на синдикални лидери, за лични бенефиции, шуруваат со власта, без срам и перде.

ПОДДРШКА ЗА РАСПАД НА СИНДИКАТИТЕ

Но, би чудо. Следниот ден се разбуди свеста на пет синдикати на ССМ (СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ, СОБ, како и Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката и стопанството на РМ). Собраа храброст, па ги демантираа наводите на СОНК, според кои, овој и синдикати на ССМ му честитаат на Иванов за одлуката за аболиција на политичарите, во аферата „прислушување“.

Како и да е, тешко дека овој демант ќе ја избрише дамката. Во аналите на овој синдикат ќе остане запишана, поддршката на најсрамната, најнедржавничка одлука на еден претседател кој го погреба правосудството, законите, кој на пиедестал го издигна криминалот и корупцијата и самоволието, и кој постави реска, мошне експлицитна граница меѓу власта и граѓаните, работниците, поданиците.

Кој млад, прогресивен, демократски ориентиран човек со јасна визија и здрав разум во 21 век, ќе сака да стане член на вакви синдикати?!

А, синдикалната поддршка на Иванов, не е ништо друго, освен сериозна подготовка за учество во уште еден изборен процес, со крајно сомнителен карактер, но и дел од процесот на сопствениот распад на овие синдикални асоцијации.

Tags: IvanovизбориМакедонијаМанипулацијаполитичка кризасиндикатиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ