• Latest
Фото: МИА архива и Влада

Објавен ребалансот на буџетот – се крати од студентите, од здравство, се додава на пензионерите

July 19, 2024

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Објавен ребалансот на буџетот – се крати од студентите, од здравство, се додава на пензионерите

July 19, 2024 22:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА архива и Влада

Фото: МИА архива и Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието го објави ребалансот на буџетот, според кој, повеќе пари ќе има за плати и пензии, за претседателот на државата, за Собранието, за МВР, но и за ДИК и ДЗР,  додека  кратење ќе има во обрана, здравство, финансии..

Кој доби повеќе пари?

Со ребалансот, кај државните  институициите,  зголемување на буџетот има за претседателот на државата, на располагање ќе има 1,9 милиони евра. Повеќе пари има и за Агенцијата за разузнавање, Комсијата за спречување на корупцијата, Комсијата за заштита на конкуренцијата, Државаната Изборна Комисија,  Државниот завод за ревизија.

Повеќе  пари има и за Собранието. Од првично планираните 14,7 со ребалансот ќе троши скоро 15 милиони евра. 387 вработени месечно во просек земаат по 2,200 евра бруто плата. Повеќе пари има и за МВР, Правда, за надворешни работи, јавното обвинителство, а дел од средствата ќе се слеат во новото Министерството за енергетика., каде влегуваат и парите за гасификацијата.

Новата Влада ќе ги зголемува и  пензиите, што беше едно од предизборните ветувања, што ќе повлече плус 80 милиони евра на оваа ставка.

Над 100 милиони евра плус ќе се слеат од буџетот во ПИОМ за да може да функционира, каде, според ребалансот, средствата за оваа ставка во буџетотсе зголемуваат на 1, 89 милијарди евра, додека истата претходно била 1,78 милијарди евра.

Каде ќе крати Владата?

Кратење на средства ќе има кај Министерството за одбрана, во здравство, финансии, транспорт. Помалку пари има и за Оперативно техничката агенција позната како ОТА, за Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Се крати и од кај Влада. Наместо со 84, 3 ќе располага со 64 милиони евра. Се крати и кај Министерството за економија на кое му е сега додадено  труд.

Помалку пари ќе има и за медицинска опрема во јавните здравствени установи, изградба на Клинички центри, изградба на амбуланти во рурални средина, реконструкција на болници, со што се доведува во прашање обезбедувањето на подобрувањето на здравств услуги, дијагностика и престој во дневни болници на граѓаните.

Помалку пари ќе има и за изградба и реконструкција  на студентски домови., за подобрување на студентскиот стандард.

Од вкупно 5,8 милијарди евра, колку што планира да потроши државата – за плати и надоместоци се планирани 723 милиони евра. Во првичниот буџет оваа ставка изнесуваше 670 милиони евра. За 15,5 милиони евра се зголемени трансферите кон единиците на локалната самоуправа, за 3 милиони евра ставката за стоки и услуги. За 130 милиони евра се зголемува ставката за субвенции и трасфери.

До крајот на годината планирано е да се соберат 5,1 милијарди евра, за минусот во државната каса, ќе се финансира со задолжување дома и од странство. Владата планира на домашниот пазар со издавање државни хартии од вредност да се задолжи за дополнителни 250 милиони евра, а на надворешниот пазар од првично планираното задолжување од 702 милиони евра, ставката се зголемува на 788 милиони евра. Овде е вкалкулиран и заемот од Унгарија од 500 милиони евра, а останатите пари не се знае од каде ќе се бараат.

Во следните 10 дена  треба да се започне Комисиската расрава за вака скроениот ребаланс на Буџетот.

Д. Мишев

Tags: буџетвладаздравствопензионериребалансстуденти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ