• Latest

Омбудсманот ги потврди критиките на ЦИВИЛ за изборните нерегуларности

February 8, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Омбудсманот ги потврди критиките на ЦИВИЛ за изборните нерегуларности

February 8, 2016 14:18
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција Народниот правобранител Иџет Мемети ги повика граѓанките и граѓаните на Република Македонија да се охрабрат, да не молчат и без двоумење да ја пријават секоја форма на притисок, прекршување на нивните гласачки права и на тој начин да придонесат кон демократичноста на избирачкиот процес.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори, Омбудсманот ги потсети граѓаните дека тие одлучуваат какви избори ќе имаме и дека никој, во нивно име, или преку закани, уцени, притисоци и заплашувања, не смее да одлучува.

Исто така, тој упати остра критика, но и повик до Државната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи и до останатите надлежни институции, да придонесат за спречување на сите изборни нерегуларности. Мемети упати апел до ДИК да не го усложнува процесот на гласање на немоќни и болни лица и со тоа да ги дискриминира.

Иџет Мемети
Народниот правобранител г-н Иџет Мемети

На новинарското прашање да не е премногу рано одржувањето на прес-конференцијата на Народниот правобранител поврзана со предвремените парламентарни избори, г-н Мемети одговори:

„Прес–конференцијата не е избрзана, туку навремена, затоа што Народниот правобранител успевал да им помогне на граѓаните, само на денот на изборите. Сметаме дека тоа не е доволно, затоа што заштитата на избирачкото парво треба да е перманентна. Вие сте свесни дека во Македонија многу е проблематичен Избирачкиот список. Тој список чекаме 20/30 дена, како што е според законот, да се ажурира. Но, токму поради тоа и се одржува оваа прес конференција навремено, да се потсетат граѓаните и да им се укаже на институциите. Ако има кредибилен избирачки список, секој ќе може кредибилно да го оствари своето право на глас, ако немаме – ќе немаме ни кредибилни избори. Од друга страна, целта на овој прес е да се потсетат раководителите во институциите, по однос на заплашување на јавната администрација. Да не помислат на тоа, зато што уште поостро ќе реагираме ако доаѓаме до одредени констатации и секако, да се охрабрат граѓаните да не го чекаат само денот на изборите.“

На новинарско прашање дали во претходните избори имало пријави за заплашување и притисоци, Народниот правобранител одговори позитивно, посочувајќи ги последните избори, кога добиле најголем број на преставки од граѓаните, но сите само на денот на избори. Тогаш се констатирале клучни нерегуларности во тој изборен процес:

„Јас констатирав многу лоша и непрофесионална работа на ДИК и на МВР. Јавно ги критикувам. Не може МВР да го менува Избирачкиот список кога ќе им текне, што се случуваше на минатите избори, а ДИК да седи со вкрстени раце. А, претседателот на ДИК да го критикува Народниот правобранител и да се обиде правно да го исправи дека не е ДИК тој што треба да го среди списокот, туку МВР! Тоа на некој друг може да му го каже. Видете, на минатите избори, ДИК се претвори во сервис на МВР и точка. А измени, бришење, внесување, по закон,  и тогаш и сега, може (да прави – н.з) само ДИК, никој друг.“

Народниот правобранител најави дека ако треба, и секоја недела ќе одржува прес-конференции, согледувајќи ја ситуацијата и ескалациите кои може да настанат во предизборниот период. Го посочи примерот со избирачките одбори и веќе почната борба меѓу опозицијата и позицијата за тоа, и со кои предлози ќе се оди до ДИК, со оглед на тоа дека избирачките одбори се сочинети од јавната администрација.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја поздравува оваа одлука на Народниот правобранител и ги оправдува неговите забелешки во изборен контекст.

Изборните искуства на ЦИВИЛ ги потврдуваат сите нерегуларности и критики кои денеска ги упати Народниот правобранител. ЦИВИЛ разоткри голем дел од изборните измами во извештаите „Бескрупулозна борба за власт“ во 2013 година и „Дисквалификувана демократија“ во 2014 година, по што следеа бројни анализи и препораки за состојбите на човековите права и социо-политичките процеси, меѓу кои може да ги одвоиме последните препораки на ЦИВИЛ од 10 јануари годинава, кои истовремено беа упатени и до меѓународната заедница.

Биљана Јордановска

Tags: граѓаниДИКИзбирачки одборизбирачки списокизбориинституцииИџет МеметиМакедонијаМВРНароден правобранителЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ