• Latest

„Општество без граници“: Поттик за активно граѓанство!

May 16, 2017
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Општество без граници“: Поттик за активно граѓанство!

May 16, 2017 20:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
 „Општество без граници“ е пилот-проект на ЦИВИЛ – Центар за слобода за промоција и граѓанска едукација за Граѓанската повелба, социјалната правда и екологијата. Проектот се обидува да ги поврзе овие три обемни области – социјалната правда, екологијата и граѓанското учество, a ЦИВИЛ, на терен, низ градовите Македонија, низ интервјуа со релевантни соговорници, разговори со претставници на невладиниот сектор, инфо-штандови, средби и анкети со граѓаните,  се обидува да ги истражи можностите за воспоставување комуникација и соработка во граѓанскиот сектор кој се занимава со овие прашања.

Пилот-проектот „Општество без граници“ се спроведува со поддршка на  германската Фондација Хајнрих Бел и претставува комплексен зафат кој подразбира подготовка на анализи, медиумска продукција, вмрежување, теренски активности, граѓанска едукација и завршна конференција на која ќе бидат поканети релевантни носители на одлуки и претставници на засегнати страни.

Инфо-штанд во Битола, април 2017

Како што се вели во извештајот за досегашните активности на ЦИВИЛ – Центар за слобода, што го подготви Биљана Јордановска, проектните активности се максимално транспарентни и секоја од нив е претставена преку обемната медиумска платформа на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи, преку главната Фејсбук страница на ЦИВИЛ, како и Социјална правда сега! и Слободни избори (за референдумот во Гевгелија).

Така, веб-страницата Грин ЦИВИЛ, објавува медиумски содржини релевантни за овој проект на македонски, албански и англиски јазик. Исто така, на веб-страниците на ЦИВИЛ Медиа, на македонски, албански и англиски јазик, се објавуваат интервјуа, анализи и други медиумски прилози поврзани со овој проект.

Граѓанската повелба е глобален документ за унапредување на човековите права и активното учество на граѓаните во процесите на одлучување. Повелбата се појавува во време кога политиката и бизнисот грубо ги кршат човековите права и слободи и го стеснуваат просторот за граѓанско дејствување. ЦИВИЛ е една од првите 50 организации – потписнички на Повелбата на светско ниво, која се промовираше минатата година на светската конференција за глобални перспективи одржана во Берлин, на иницијатива на Меѓународниот центар за граѓанско општество и повеќе реномирани светски граѓански организации.

ЦИВИЛ, како носител на промотивните и едукативните активности во Македонија, организира 12 настани на отворено, со инфо-штандови на кои граѓанките и граѓаните можат да се запознаат со Граѓанската повелба, да потпишат изјава за поддршка на Повелбата, или да учествуваат во фото и видео петицијата, но и да споделат предлози, препораки, коментари и сведоштва со тимот на ЦИВИЛ.

Мултимедијални настани се одржаа во Гостивар, Велес, Битола, Тетово, Штип, Охрид, Струга и во центарот на Скопје. Со помали активности, тимот на ЦИВИЛ ги посети и општините Ресен, Пробиштип, Гевгелија и други. Предвидени се уште настани во Скопје и еден во Кавадарци до крајот на месецот, како и конференција кон средината на јуни.

Од анкетата во Велес, април 2017

Граѓанската повелба досега ја подржаа повеќе од 250 граѓанки и граѓани со свои потписи на инфо-штандовите. Во сите општини што тимот на ЦИВИЛ ги посети, новинарската екипа на ЦИВИЛ Медиа направи анкети на тема социјална правда и екологија. Досега се спроведоа 10 анкети: Каква социјална правда? Градот е мртов! – во Гостивар, Тешко на работниците! – во Битола,  Луѓето се плашат да се борат за своите права! – во Штип, Говорот на омраза е создаден од политичарите – во Охрид, Со платите во Македонија може да пиеш само вода и да чекаш да умреш! – во Скопје, Категорично „не“ за изградба на рудник во Гевгелија!, Социјална правда нема, и нема ни да има! – во Струга, Власта ги крши работничките права! – во Велес, Луѓето се плашат да се борат за своите права! – во Штип и  Со 50 евра не се живее! Срамота! – во Тетово.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ како дел од активностите, на волонтерска основа, го набљудуваше спроведувањето на референдумот во Гевгелија на 23 април (недела). Референдумското прашање на кое гевгеличан(к)и одговараа беше: „Дали во Општина Гевгелија треба да се дозволи отворање  рудници?“. Граѓанската инцијатива „Спас за Гевгелија“, претходно спроведе кампања, истакнувајќи ги еколошките штети што би произлегле од отворање на рудниците.

ЦИВИЛ имаше и серија средби со истакнати активисти и организации во регионите што ги посети, за развивање на меѓусебната соработка и давање поддршка за граѓанскиот активизам во духот на Повелбата.

Серија интервјуа со претставници на граѓанското општество, експерти за социјални и еколошки прашања и синдикални лидери, исто така, беа дел од активностите поврзани со проектот „Општество без граници“.

Мила Царовска

ЦИВИЛ досега разговараше со д-р Бранко Блажевски  за состојбата на јавното здравство, со Беким Асани, Војо Маневски, Горан Трајков, Илчо Захариев, Зизо Љамковски, Даница Павловска, Илија Балтовски, Мила Царовска, Бранимир Јовановиќ, Ристо Ајтов, Никола Славевски, Ненад Коциќ , Соња Стојадиновиќ, Мухамед Точи за социјалната правда, работничките права и узурпацијата на јавниот простор и со Јаков Попоски, Марко Гучески, Светлана Станојковска, Душко Груевски, Арианит Џафери и Игор Смилев за еколошки прашања.

Секој од бројните настани беше најавен со соопштение, а покриен со краток извештај од двочасовните комуникации со граѓанките и граѓаните и со фото-албуми на фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

Граѓанската повелба е преведена и достапна за граѓаните на македонски, албански, турски, ромски, српски и влашки јазик.

 

 

Tags: „Општество без граници“250 потписианкетиГраѓанска повелбаизвештајинтервјуаинфо-штандовимониторинг тимнастани на отвореносредбиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ