• Latest
Добро утро со Орданоски

Оптимисти без падобрани

October 2, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Оптимисти без падобрани

October 2, 2017 08:19
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]о политиката, како и во животот, оптимизмот е важна работа – тој, често и наспроти шансите за тоа, ги движи работите кон посакуваниот исход. Антонио Грамши има речено дека песимизмот му припаѓа на интелектот, а оптимизмот на волјата. Затоа, токму оптимизмот е клучната енергија за чијашто наклонетост се борат политичарите на избори: тие се практичарите кои сакаат светот да го променат; неговото толкување, ако се паметни, му го оставаат на филозофите. Тоа е така бидејќи во основата на занаетот на политичарите е, занимавајќи се со мобилизација на нејзината волја, публиката да ја множат – во основата на повикот на филозофите, пак, е публиката ја делат, бидејќи апелираат на нејзиниот интелект да размисли, да се определи, да заземе страна. А поделена публика значи помалку изборни гласови.

Затоа е политиката, по дефиниција, професија за ширење оптимизам – оптимизмот ја множи, наместо да ја дели, гласачката поддршка! Сè уште не сум чул дека некаде во демократијата некој победил на избори ветувајќи го крајот на светот. Победуваат оние кои, ветувајќи дека ќе ја направат нацијата повторно голема, со тоа можеби и навистина да го предизвикаат крајот на светот. Но, публиката, гласачите – народот! – сакаат да слушнат дека иднината токму ним ќе им се насмевне, оти секогаш преферираат да се почувствуваат како будали поддржувајќи ги оптимистите, отколку да излезе дека биле во право верувајќи им на песимистите.

Па, тогаш, зошто речиси никој од нашите македонски предизборни билборди не ни се смее? Кога ќе ги погледнете тие големи постери и интернет прозорчиња, најголемиот број од кандидатите кои ни се нудат се намуртени мажи со испеглани фото-шоп ликови. Најдалеку во насмевката е отиден Аце Коцевски, старо-новата надеж за градоначалник на Велес, чија уста ми се виде, се надевам со право, најоптимистички оптегната. Петре Шилегов е како Мона Лиза, со резервирана насмевка во некаква покерска оптимистичка „најава“, како да знае нешто што ние допрва ќе го откриеме. Неговиот конкурент Коце Трајановски, пак, навистина изгледа како костумосан водоводџија појден на некаква партиска митинг-комеморација на која Груевски повторно оптимистички ќе ги убедува дека работите само изгледаат привремено безнадежни, но кому на виснатата фаца му пишува дека  е свесен дека сите градски цевки му се затнале и дека наскоро и тој, како и Грујо, ќе остане без работа. Всушност, со оној слоган на ВМРО-ДПМНЕ – „Секогаш работа, секогаш Македонија“, што е една ужасно песимистичка тавтологија! – и не можеше да се очекува да им се падне пооптимистички изборен број од баксузниот 13.

Додуша, некој беше рекол дека и оптимистите и песимистите имаат свој општествен придонес: „Оптимистите измислија авион, песимистите падобран.“ Откако летоска се смени пилотот во македонскиов политички авион – ах, тој Заев, тој авијатичар кој заразно шири оптимизам! – се зголемуваат очекувањата дека на овие локални избори падобраните ќе им требаат само на оние кои на нашата иднина гледаат со носталгијата на сопствената доскорешна неприкосновена моќ. Тоа е она идно-минато време, специјалност на македонскиот оптимистички политички дух, кој знае дека ѕвездите најубаво се гледаат во потполн мрак.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Антонио ГрамшиАце КоцевскибилбордиЗоразн ЗаевкампањаКоце Трајановскилокални избориНикола ГруевскиоптимизампесимизамПетре Шилегов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ