• Latest
????????????????????????????????????

Ѓорчев им се налути на СДСМ зашто спроведуваа(т) вмровски методи!

October 31, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓорчев им се налути на СДСМ зашто спроведуваа(т) вмровски методи!

October 31, 2017 15:52
in ПОЛИТИКА
????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Share on FacebookShare on Twitter

Набројувачот на изборните победи на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, потфрли на овие локални избори. Наместо еуфорично да набројува, како што знае и умее: „Во првиот круг победивме во Илинден, Петровец, Сопиште…, (зима длабоко воздух) сега, во вториот круг, победуваме во Кавадарци, фала ви Зрновци што ни ја дадовте довербата“…, тој држеше драматичен монолог и се чудеше како некој во 2017-та година може да им забранува на луѓето да излезат од дома.

„Дома сакаат да ги тепаат луѓето, дома. На куќен двор, припадник на МВР се заканува на човек што има 60,65,70 години и му вика не искачај од дома. Што му фали на припадникот на МВР, ништо. Кога тој се однесува вака, во сред Скопје, пред камера, можете да замислите што се случува по помалите градови, што се случува по помалите улици, што се случува во селата и по населбите каде што нема камера. Дома им се закануваат на луѓето дека ќе ги тепаат, здрав прав човек од 35,40 години се заканува на човек што има 60,65,70 години дека дома ќе го тепа и него и син му. Што му фали, ништо, последици никакви“…

Можеме да замислиме што се случувало во помалите градови, особено во ромските/турските маала. За тоа дознавме преку „бомбите“ дека најдобро е информирана поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска – „Ако треба Циган по Циган за уши ќе го вадиме и ќе го носиме да гласа“… Замисли Влатче, од дома ги вадевте „Циганите за уши“, од дома! Што им фали на тие што во минатото ги употребуваа „методите“ на успешно спроведени „скандинавски избори“, ништо. Одговорност и последици, никакви!

Тој вели дека за изборните нерегуларности и криминали ги информирале меѓународните претставници на ОБСЕ и ОДИХР. Кога ќе му текне на човек дека пред само неколку месеци пред ДИК лидерот на партијата зборуваше дека ниту една странска институција или организација не смее да се меша во внатрешната уредувачка политика на државата, ваквата постапка на ДПМНЕ изгледа комплетно нелогична и лицемерна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пред одржување на вториот круг на локални избори, во едно интервју изјави дека „од очите“ на меѓународните претставници може да се забележи дека не се заинтересирани да ги пренесат информациите и доказите за изборни нерегуларности со кои располага партијата. Сепак, иако нема доверба, бара да му се врати пасошот за да оствари средби со меѓународни претставници…

Од ВМРО-ДПМНЕ се загрижeни и бараат одговорност за славеничкото пукање по завршување на изборите. Колку за потсетување во една од „бомбите“ се слуша екс началникот на УБК, Сашо Мијалков, како се фали дека: „Не е сѐ Монте Карло во животот има нешто и во Лисиче. Вмровска работа бе маче, е.. му м….“ (во позадина се слушаат патриотски песни и рафали од огнено оружје)…

Лоши примери им се даваат на „децата“. Ајде сега некој нека им објани дека е забрането пукање, кога сите слушнавме како „големите батковци“ се фалат дека педесетина души славеле со калаши!

Победничкиот дух не изумре кај опозицијата, напротив, Ѓорчев најави дека демократијата ќе се врати кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

„ВМРО е константа која трае 124 години и во добро и во лошо, ќе победи Република Македонија. Тогаш овие прекршители на законите, сите оние кои што им се закануваа и ги заплашуваа граѓаните дека ќе ги тепаат во нивните дворови, во нивните домови ќе одговараат согласно законите“, истакна Ѓорчев.

Пред да дојде демократијата и новата ера, ОЈО, СЈО и судовите треба да дејствуваат и да ги казнат сите што го прекршиле изборниот закон.

Дехран Муратов

Tags: Влатко ЃорчевВМРО-ДПМНЕизбориМВРнерегуларностиСДСМЦиган по Циган за уши
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ