• Latest
„Одмазда на дрвото“ - слика на транспарентна површина, насликана на Работилницата на ЦИВИЛ „Боите на слободата“, за време на Кампот на слободата, јуни 2015 година. Автор: Мирослав Стојановиќ - Шуки, фотографија: ЦИВИЛ

Оставка на Владата, сега!

April 5, 2016

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Оставка на Владата, сега!

April 5, 2016 13:57
in Uncategorized
„Одмазда на дрвото“ - слика на транспарентна површина, насликана на Работилницата на ЦИВИЛ „Боите на слободата“, за време на Кампот на слободата, јуни 2015 година. Автор: Мирослав Стојановиќ - Шуки, фотографија: ЦИВИЛ

„Одмазда на дрвото“ - слика на транспарентна површина, насликана на Работилницата на ЦИВИЛ „Боите на слободата“, за време на Кампот на слободата, јуни 2015 година. Автор: Мирослав Стојановиќ - Шуки, фотографија: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара оставка на владата, поради неуспехот да го спроведе Договорот за надминување на политичката криза. Воедно, терминот за предвремени парламентарни избори мора да се помести најмалку до крајот на септември, затоа што ни оддалеку не се создадени услови за одржување слободни избори на 5 јуни 2016 година.

Одложувањето на терминот за избори мора да се искористи за низа итни чекори и мерки за создавање услови за слободни избори. Меѓу другото, потребни се дополнителни реформи на ДИК, односно нејзина професионализација. Понатаму, сè уште има простор за подобрување на Изборниот законик. Мора да се спроведе доследно чистење на Избирачкиот список. На Република Македонија ѝ се потребни итни и суштински зафати во судството, пред сè, во поглед на воспоставување и непречено функционирање на специјално одделение во Кривичниот суд кое ќе се занимава со предметите кои произлегуваат од работата на Специјалното јавно обвинителство. Воедно, мора да се создадат услови за ослободување на медиумите од партискиот диктат, но и администрацијата, стопанството и општеството во целост.

И период од три месеци е прекраток за сето тоа да се спроведе, но доколку постои вистинска политичка волја, но и владеење на правото, можно е да се спроведат мерки кои ќе ги гарантираат тие процеси и ќе им влеат доверба на граѓанките и граѓаните во изборниот процес.

ЦИВИЛ во континуитет ги набљудува и анализира состојбите во земјата веќе 15 месеци, поточно, од јануари 2015 година. Во изминатите 30 дена, по претходното одложување на терминот за избори, партиите на власт не само што не манифестираа политичка волја и не презедоа активности за да го спроведат политичкиот договор, туку дополнително вложија енергија и јавни ресурси за да го осуетат неговото спроведување.

Сите започнати процеси во земјата се крајно отежнати поради континуираните опструкции на партиите на власт и речиси потполната блокада на институциите кои се наоѓаат под партиски диктат.

Највидливата последица од неуспехот на политичкиот договор се медиумите кои останаа под контрола на партиите на власт.

Државата не се одвои од партијата, а партиите на власт продолжија со злоупотребите, политичката корупција, кршењето на човековите права и слободи, политичката дискриминација и структурното насилство. Државната изборна комисија не успеа да се издигне над партиските интереси, наспроти напорите на независните експерти во нејзиниот состав. Тоа доведе до доцнење со роковите и до неквалитетен процес на прочистување на Избирачкиот список.

На теренот, продолжуваат партиските притисоци, закани и уцени врз гласачкото тело, пред сè, врз социјално ранливите категории на граѓанки и граѓани, како и врз вработените во администрацијата на локално и на национално ниво.

Во образованието, партиските војници вршат притисок врз персоналот, но и врз децата, а преку нив и врз родителите. Во здравството, партиската припадност значи и можност за подобар третман, додека здравствениот персонал кој не е во милост на партиите на власт трпи секојдневни притисоци и дискриминација.

Продолжува рекетот во стопанството. Инспекциските служби кои сè уште се користат како алатка за уцена и принуда. Дел од средствата кои се извлекуваат од стопанството во овој период се насочуваат и кон послушничките медиуми.

Опструкцијата на работата на Специјалното јавно обвинителство е повеќе од очигледна и претставува уште еден доказ за тоа дека судството, вклучително и Уставниот суд, е под партиски диктат. Наспроти тоа, гледаме дека СЈО манифестира максимален професионализам и истрајност, што во јавноста влева надеж дека е можно да се зајакнат и изградат институции кои ќе го вратат владеењето на правото во Република Македонија.

Очигледна е злоупотребата и на меѓуетничките односи со „патриотските игри“ на политичките субјекти во земјата.

Дури и најновата серија на „отчети“ на партијата на власт е своевидна илустрација за потполното отсуство на граница меѓу партијата и државата, односно уште еден доказ за тоа како една партија може да ги узурпира институциите и да ја зароби државата.

Tags: администрацијавлададемократијаздравствозлоупотребиизбориМакедонијаманипулацииобразованиеоставкаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ