Координацијата на државно-политичкиот врв за предлогот на медијаторот Метју Нимиц, за името, заврши по речиси шест часа, во Клубот на пратеници. По средбата, премиерот Зоран Заев, изјави дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање. Тој рече дека овој процес бара одговорност и дека е неопходна вклученост на сите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дeка Македонија мора да биде дел од НАТО и ЕУ и дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси. Според него, ваква средба требало да се случи порано.
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, рече дека ваквите средби се неопходни. Тој додаде дека бил презентиран предлогот на Нимиц, но не открие детали. Тој истакна дека е реалист со искуство.
Детали не откри ниту лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да не му наштети на процесот.
Д.М.