• Latest

Поддршка од Велика Британија за евро-атлантските интеграции на Македонија

May 18, 2018

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поддршка од Велика Британија за евро-атлантските интеграции на Македонија

May 18, 2018 06:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вчера попладнето во Скопје се сретна со Тереза Меј, премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Британската премиерка Меј во изјавата на заедничката прес конференција со премиерот Заев рече дека нашата земја е дел од Европа и дека е интерес на сите тоа така да биде. Премиерката Меј порача дека државава може да смета на поддршката на Велика Британија, посочувајки на напредокот што го постигна Македонија по промените, и, како што рече, пружањето рака кон соседите, ангажирањето околу решение, што ќе биде придобивка на тој пат. Британската премиерка посочи дека Велика Британија помага со воени експертизи на Македонија и во одбранбената стратегија, а посветеноста на регионот ја покажува и со престојниот Самит што ќе се одржи во јули во Лондон, посветен на економијата, но и на политички и безбедносни прашања. Таа додаде дека Велика Британија останува посветена на безбедноста и сигурноста на Западен Балкан, како и на справувањата со предизвиците како што се организиран криминал, миграцијата. Премиерката Меј ја оцени поставеноста на Македонија во случајот Скрипал како зајакнување на пријателството со Велика Британија и додаде дека тоа пријателство никогаш не било поблиско од сега. Исто така, Премиерката на Велика Британија дополни рече дека е горда што е прва премиерка што во изминатите 25 години ја посетува нашата земја.

Претседателот на Владата, Заев, на заедничката прес конференција со премиерката Меј, во изјавата за медиумите оцени дека денешната посета на британската премиерка, прва после долго време од ваков карактер, на британски премиер “е круна на долгогодишното партнерство и пријателство“ на Македонија и Велика Британија.

Поради тоа, премиерот Заев изрази искрена благодарност од име на граѓаните и на Владата на Република Македонија, до премиерката Меј и до граѓаните на Велика Британија, “за искрената, долгогодишна, принципиелна, пријателска и мотивирачка поддршка што Велика Британија ѝ ја дава на Република Македонија веќе 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи“.

-Сакам да порачам, како премиер и во име на Владата на Република Македонија:

Ќе продолжиме да даваме причини: низ демократските, реформските процеси, низ добрососедството и меѓународната соработка за клучни прашања, како што е обезбедувањето на регионалниот и светскиот мир – да ги одржуваме и да ги унапредуваме билатералните односи со Велика Британија и да го добиеме заслуженото место, како држава, во семејствата на демократиите, НАТО и ЕУ, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев, додаде дека доаѓањето на британската премиерка Меј во Македонија “е во клучен момент за нашата држава и нашите граѓани, кога се поставува темелната одредница кон ЕУ и НАТО“. При тоа изрази почит за пренесената порака од премиерката Меј, “на поддршка на нашите стратешки цели, членство во НАТО и во ЕУ“.

Премиерот Заев го посочи значењето на евро-атлантските интеграции на Македонија, но и за регионот.

-За граѓаните и за Македонија, евро-атлантските значат економија и перспективи. Но за регионот, за ЕУ и за светот значат стабилност и безбедност – значат спречување, други фактори да застанат на патот на ваквата заедничка иднина, што е интерес на сите, порача премиерот Заев.

Тој дополни дека присуството на премиерката Меј во Македонија е потврда дека Велика Британија останува заинтересирана и ангажирана во напредок на регионот и изрази убедување дека Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во јули во Лондон, ќе биде уште една потврда на позитивните инструменти на регионалната соработка на Западен Балкан во економијата, транспортот, безбедноста и интеграциите.

Претседателот на Владата, Заев потсети дека “успеавме Македонија, од “заробена држава“ да ја поставиме во “функционална демократија“, преку определбата да ја градиме во Едно општество за сите, со еднакви шанси за сите, со добри меѓуетнички односи и инклузивност со сите политички чинители во државата и со граѓанскиот сектор. Премиерот рече дека овој исчекор и реализацијата на реформскиот План 3-6-9 се вреднувани од ЕУ, со чистата, неусловена препорака и најави спроведување и на новиот План 18, “што се фокусира, до 2018 година, на зајакнување на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата“. Исто така, претседателот на Владата укажа и дека “во мигрантската криза во 2015 година се поставивме како доверлив партнер на ЕУ, дека со учеството во заедничките мисии се покажавме како лојален и сигурен партнер на НАТО и дека неодамна, во случајот со Скрипал покажавме дека знаеме да бидеме со нашите партнери и пријатели во најтешките моменти“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Велика БританијаинтеграцииМакедонијаподдршкапосетасредбаТереза Меј
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ