Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирачи, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови.

Само за Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава.

Високиот број неважечки ливчиња повторно го отвора прашањето за изборната едукација на гласачите и функционирањето на изборниот процес.
Или се работи за тивок протест на гласачите?
Д. Муратов