• Latest

Повторно гори депонијата во Струга!

July 26, 2017

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Повторно гори депонијата во Струга!

July 26, 2017 10:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Туристичката сезона го достигнува својот врв, а дивата депонија во Струга повторно гори и ја загадува околината. Граѓаните, како и досега, реагираат и бараат трајно решение, но надлежните, и покрај поддршката на ЕУ, не можат да се справат со проблемот.   

Иако пожарникарите реагирале, извори на ЦИВИЛ Медиа јавуваат за неподнослива реа и чад што се шират наоколу. И покрај острите реакции на стружани, особено по неодамнешните слични случаи на палење на отпадот на дивата депонија, што предизвикува зголемено аерозагадување, надлежните не преземаат чекори за заштита на животната средина и на здравјето на граѓан(к)ите.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при работната посетa на Струга, истакна дека Европската унија е подготвена трајно да ги реши проблемите со струшката дива депонија, дека се изработени елаборати за изградба на регионална депонија и обезбедени се финансиски средства, како и дека депонијата е најгорлив проблем за Струга. И локалните власти депонијата мора што поскоро да се конзервира, а првиот чекор е направен со тоа што на депонијата веќе не се остава отпад, но дека нема трајно решение без изградба на регионална депонија.

Во рамки на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион што ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, од 12 предложени локации, предвидено е регионалната депонија за неколку градови од Западна Македонија, да се изгради во општината Дебарца.

Но, и тука се создаде нов проблем, поради тоа што жителите на предвидената локација – висорамнината кај селото Годивје, жестоко се спротивставуваат на таквата идеја. Во единствениот став на граѓан(к)ите кои се децидни дека никој од Дебарца не дал позитивно мислење за депонијата и дека се работи за најголемото сливно подрачје на Охридското езеро кое што е под заштита на УНЕСКО, вчера се вмешаа партиските централи од Скопје, со неуспешната седница на Советот на Општината на која требаше да се расправа за организирање на референдум.

Според „Дојче Веле“ на македонски јазик, во Македонија има 54 комунални депонии, кои ги загадуваат подземните води, почвата и воздухот, а експертите проценуваат дека 16 депонии се со висок, 16 со среден, а 19 со низок ризик за животната средина. Единствено, скопската депонија „Дрисла“ има интегрирана дозвола за управување со отпад, а покрај комуналните, кои најчесто не ги исполнуваат минималните технички услови за да аплицираат за добивање дозвола, во Македонија има уште околу 1.000 диви депонии!

Tags: аерозагадувањеДебарцадива депонијаЕУживотна срединаСтругаУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ