Владата на Република Македонија не планира да потроши повеќе од 300 до 400 илјади евра за кампањата за референдумот. Кампањата треба да помине во пријатна и привлечна атмосфера, по која граѓаните ќе гласаат „за“, ова го истакна вчера премиерот Зоран Заев.
Државната изборна комисија денеска одржа јавна седница на која ги разгледува и одобри барањата за добивање на овластувања за набљудување на Референдумот.
На оваа седница се разгледуваа барањата на Комитетот за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ / ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission).
Владата денеска на седница ја разгледа информацијата за воведување на заеднички контроли со Албанија на патниот граничен премин Ќафасан-Кафтане, односно one-stop shop.
Кристијан Даниелсон, директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, денеска изјави дека на 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на земјата, и тој избор ќе има последици за идните генерации.
Тој упати честитки до премиерот и до македонските институции за постигнување на Договорот со Грција за решавање на прашањето со името што, според него, го отвора патот на земјава кон Европа.
Премиерот Зоран Заев изјави дека граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и тие што се против, се со мали бројки и дека тие се дел од таа кампањата предводена од иницијативата „Бојкотирам“.
Премиерот е уверен и дека бројките ќе растат, а изрази и надеж оти опозицијата ќе биде позитивна заради тоа што, посочи, и таа е за Европската унија и за НАТО.
Министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска, денеска на отворањето на новите објекти отворено и полуотворено одделение во најголемиот затвор во нашата земја, истакна дека градењето нови сместувачки капацитети во КПД „Идризово“, е една од мерките што Владата и Министерството за правда ги презема за подобрување на условите за извршувањето на санкциите. Министерката посочи дека инвестирањето во инфраструктурата на затворите не е единствен аспект на подобрување на условите во самите затвори.
А. Петровска