На првата владина седница предводена од премиерот Христијан Мицкоски донесена е одлука за линеарно зголемување на пензиите во септември од 2.500 денари. Второто покачување според одлуката на Владата ќе биде во март 2025 година за 2.500 денари.
Пензионерите се збунети, дали ќе ги добијат парите во септември или во октомври? Дали ќе биде еднократно или секој месец ќе добиваат дополнително 2.500, а од март следната година пензијата ќе им се зголеми за 5000 денари?
Цивил Медиа следејќи ја темата, го поставува прашањето дали пензионерите се измамени или недоволно информирани?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали пензионерите се измамени или недоволно информирани зошто не им се исплатени дополнителните 2.500 денари?
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа