• Latest
Добро утро со Орданоски

Прасињата нема да гласаат за Груевски

September 5, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Прасињата нема да гласаат за Груевски

September 5, 2017 08:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]П[/dropcap]редизборната стратегија на партијата на Груевски да заигра на картата на опасноста од бегалци и мигранти во Македонија не е сосема неразумна: ВМРО-ДПМНЕ собрано околу очајникот Груевски – кому локалниот изборен резултат буквално ќе му ја пресуди политичката иднината како на ниту еден друг партиски лидер – се надева дека, конфронтирани со замаглената опасност од некаква „наезда“ на мигранти и бегалци, левицата во Македонија ќе се соочи со кризата на сопствениот идентитет за тоа како да одговори на оваа компликација – да ги пречекаме… и тие се луѓе со свои права… им треба образование и помош… напатени се и сл. За тоа време, десницата ќе си ја пее својата стандардна патриотска попевка за будење на стравот кај населението од инаквите кои, еве ги, доаѓаат да ни се населат низ градовите, да ни влезат во нашите домови, да ги загрозат нашите деца… со поддршка, а и во организација, на предавникот Заев.

Во таа смисла, кризата со мигрантите и не мора да е реална (како што и не е), тие не мора навистина да се надвиснати на нашите граници (како што и не се), ниту пак да се заинтересирани да се населат низ македонските градови и села (погаѓате: како што и не се), туку е доволно предизборно да се „запали“ темата, да се отвори дебата за тоа, таа да се прошири по телевизии и фејсбуци, за да се авансира чувството на страв и несигурност кај населението. ВМРО посакува таа евентуална растечка масовна хистерија – чиј потсвесен работен наслов би можел да биде: „Нови Албанци не ни требаат!“ – да се преточи во „превентивни“ гласови кон локалнава конзервативна македонска десница. Затоа е целата оваа парада со потпишување петиции и барање референдуми против градењето (?!) на бегалски населби низ земјава, и тоа не затоа што тоа ќе се прави, туку затоа што еден дел од јавноста е вознемирен од самата помисла дека би можело да се прави. Создавањето на такви лажни перцепции во политичката комуникација се нарекува пропаганда. Валкана.

Таа валкана пропаганда игра на картата на општата светска нестабилност во која, во последните неколку години, и многу поголеми и постари европски демократии од Македонија се разнишаа, ги расклатија своите либерални вредносни системи и заглавија во своите локални десно-популистички, хистерични варијанти. Што би рекол Иван Крастев во својата последна книга „По Европа“, да се привлечат туристите и да се отфрлат бегалците е кратката верзија на европскиот посакуван светски поредок. Неговата централна теза е дека мигрантите се историските актери кои ќе ја определат судбината на европскиот либерализам.

Тоа, сепак, нема да се случи во Македонија, не на овие локални избори. Не само затоа што овдешниот либерализам и без тоа има определена мачна судбина, туку затоа што на најголем дел од народот му стана јасно со кого си има работа кога е Грујо и Фамилијата во прашање. Тоа ви е како да терате прасиња да гласаат за прослава со богата трпеза за Божик! Доволен број прасиња се опаметија за да сфатат дека локалната трпеза може да помине и без нив.


Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.
Tags: АлбанцибегалцигласањеГруевскиЗаевксенофобијалокални изборинационализамстрав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ