Останаа уште неколку денови за пријавување за учество на регионалниот семинар за граѓански новинари кој ќе се одржи на 24 февруари (сабота) во просториите на Општинската сала во Комитетот. Побрзајте и пријавете се!
По одличните семинари во Скопје и Битола, ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата регионални семинари на кои граѓанките и граѓаните имаат можност да се запознаат со граѓанското новинарство, неговите цели и начините на кои граѓан(к)ите можат да придонесат во ослободување на медиумскиот простор.
Сè што треба да направите е да се пријавите на следниов линк и со себе да понесете желба за освојување на нови простори каде граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува без страв и без услуги. Исто така може да се пријавите на следниов формулар.
[vfb id=3]
Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општина Куманово. Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е трет во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја. Пријавете се онлајн ТУКА или испратете основни податоци за вас на [email protected]. Заинтересираните се повикани, во комуникацијата со ЦИВИЛ, на најмногу 10 реда, накратко да ги опишат своите вештини и да изразат подготвеност за учество на семинарот и во понатамошните активности на ЦИВИЛ.
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.