• Latest

Граѓанските новинари продолжуваат со следење на состојбите

July 28, 2016

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓанските новинари продолжуваат со следење на состојбите

July 28, 2016 14:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Граѓански објектив“ што го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, поради успешната реализација и објавените содржини од граѓанските новинари во изминатите шест месеци, а кои сведочеа за прекршување на човековите права и слободи, особено во изборен контекст, е продолжен и во наредните три месеци!

ЦИВИЛ упатува нов повик до граѓанските новинарки и новинари активно да се вклучат, во новиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“. На тој начин, преку свои фотографии, видео и аудио материјали, како и текстови, се вклучуваат во процесот на креирање на слободно и објективно известување на сите социо-општествени и политички процеси кои влијаат на развојот на демократијата, еднаквоста и слободата во Македонија.

13631640_1003985929719876_2234782865954468707_n

Медиумскиот мрак од ден на ден,сé повеќе се згуснува, што е повод за аларм до сите продемократски сили во Македонија дека борбата не само на се помалубројните слободните медиуми, туку и на граѓанките и граѓаните, треба да стане пожестока.

Сите содржини кои сведочат за прекршувањата на човековите права и слободи, кои граѓанските новинарки и новинари ги доставуваат до јавноста, се последната одбрана на слободата и крик против корумпираноста и манипулациите во медиумскиот простор.

Сите истражувачки стории, видео прилози, фотографии на граѓанските новинарки и новинари, објавени на нашиот веб-портал и особено, наградените во рамки на натпреварувачките циклуси „Биди граѓански новинар“, се вистината со која треба да се соочи агресивната пропаганда на владејачкиот режим.

Секој може да биде граѓански новинар! Во пресрет на следниот циклус на доделување на наградите, ЦИВИЛ Медиа ве охрабрува да бидете активни креатори на  демократизацијата и ослободувањето од стегите на власта врз јавното мислење и слободниот збор.

13662118_1005594216225714_6401123694657081356_o

Потврда за тоа се досегашните наградени содржини што по  јунскиот циклус ја достигнаа бројката од 30 фото и видео содржини, кои пристигна од повеќе градови низ Македонија.

За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на civil.macedonia@gmail.com, а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.

Наградите за граѓанските новинар(к)и се доделуваат во рамки на  проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦМ

Tags: Граѓански објективизбориМакедонијаМедиуминовинарЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ