• Latest
Фото/ Ариан Мехмети

Проф. Мурат Алиу за ЦИВИЛ: Новата влада не треба да дозволи „гетоизација“ на државата

June 29, 2024

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Проф. Мурат Алиу за ЦИВИЛ: Новата влада не треба да дозволи „гетоизација“ на државата

June 29, 2024 14:00
in ИЗЈАВИ, ТОП 5
Фото/ Ариан Мехмети

Фото/ Ариан Мехмети

Share on FacebookShare on Twitter

Евроинтегративниот процес на земјата, меѓуетничките односи со посебен акцент на политичките случувања во албанските партии, изјавата на амбасадорката Агелер за формирање влада, војната во Украина и дали има руско влијание во Северна Македонија се темите на коишто ЦИВИЛ Медиа направи интервју со универзитетскиот професор Мурат Али.

Тој вели дека 33 години оваа земја не докажала дека може нешто да постигне со свои сили, затоа реформите, владеењето на правото и економскиот развој тешко се постигнуваат без јасен евроинтегративен пат., Муслиу дури посочува дека, и она малку што сме го постигнале во овој период е направено со туторство на меѓународниот фактор.

Професорот по политички науки Алиу вели дека новата Влада не треба да дозволи оваа земја да се „гетоизира“ како последица на недостаток на европска перспектива.

“Овој дискурс „ќе се фокусираме на реформите“ е бегство од реалноста, тоа е недостаток на храброст да се соочиме со проблемите, и е дискурс кој служи за внатрешна употреба за психолошка утеха на гласачкото тело. Значи тоа е првенствено популистички јазик. На премиерот Мицкоски му е многу јасно, и на сите им е јасно дека нема да може да се избегнуваат овие прашања.

Стартот на оваа промена на власт, вклучително и претседателката, беше да се прикаже поагресивено и поемотивно, а знаете дека претседателката ја положи заклетвата во Собранието со игнорирање на уставното име, но сега ако видите, има ретерирање на владејачката гарнитура и тоа се докажа кога премиерот Мицкоски ја прочита заклетвата со уставното име.

Тоа докажува дека ќе бидат рационални во оваа насока и верувам дека нема да дозволат да бидеме гетоизирани, исклучени или изолирани од регионалните и глобалните процеси и нема да влеземе во филмот на таа 10-годишна власт на Никола Груевски дека ќе јадеме корења, но името не го даваме.

Во ова ретерирање, ако може да се нарече, улога имаа и реакциите на Грција, пред сè, и меѓународниот фактор, бидејќи многу јасно ставија до знаење дека европскиот пат, но не само европскиот пат, ќе биде блокиран ако не покажете институционална одговорност и лидерство да ги почитувате меѓународните договори кои се ратификувани и обврзувачки за секоја Влада што ќе дојде во иднина. Во спротивно, ако се сигурни во себе, можат слободно да преземат иницијатива за укинување на Договорот од Преспа, а тоа би било политички покоректно“, рече Алиу.

Назми Абдурахмани

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Tags: ВЛЕНевропски фронтМурат Алиу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ