• Latest

Промени во парламентарниот состав по вториот круг

October 27, 2017

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Промени во парламентарниот состав по вториот круг

October 27, 2017 11:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку пет нови пратеници во Собранието, по првиот круг од локалните избори. Конечниот број на нови пратеници кој може да достигне и до 11, сепак, ќе се знае по завршувањето на вториот круг од изборите. 

На местото на досегашните пет пратеници кои станаа градоначалници, ќе влезат три жени со што ќе се зголеми и бројот на пратенички во актуелниот состав на парламентот.

Петре Шилегов од СДСМ, кој стана градоначалник на Град Скопје, во Собранието ќе го замени Татјана Лалчевска, која беше четврта на листата од Првата изборна единица.

Новиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев од СДСМ, во Собранието ќе го замени Анета Симеска Димоска.

На пратеничкото место на Максим Димитриевски од СДСМ, кој стана градоначалник на Куманово ќе влезе неговата сограѓанка Лидија Тасевска.

По изборните резултатите од првиот круг, Собранието ќе добие двајца нови пратеници и од Четвртата изборна единица. На местото на Сашо Поцков, кој беше избран за градоначалник на Гевгелија, седнува Ристе Ташев од Неготино, додека на местото на Коста Јаневски, новиот градоначалник на Струмица, ќе влезе Костадин Костадинов, кој досега раководеше со Општината.

Сепак, зависно од резултатите од вториот круг на изборите, постојат шанси во составот на Собранието да влезат уште шест нови лица.

Во трката се актуелните пратеници, Курто Дудуш, Благој Бочварски и Бетиане Китев од СДСМ, Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, како и Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Зеќирија Ибрахими од Беса.

Престанокот на мандатите на новите градоначалници што победија во првиот круг ќе мора да почека до завршувањето на вториот круг.

Согласно процедурата, претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен да побара список со резултати од Државната изборна комисија, за тоа кои пратеници станале градоначалници и да свика седница, на која ќе се верификуваат мандатите на новите членови на парламентот.

Пред почетокот на локалните избори, пратениците Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од Беса, и двајцата кандидати за градоначалник на Тетово, поднесоа оставки од функциите. На нивно место, според процедурата, ќе дојдат нови пратеници од овие партии.

М. И.

Tags: градоначалницилокални изборипратениципромениСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ