• Latest

Претстои богата надворешно-политичка агенда, името влегува во финале

April 10, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претстои богата надворешно-политичка агенда, името влегува во финале

April 10, 2018 09:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По најавата на новата средба Димитров – Коѕијас на 12 април во Охрид и оптимистичките изјави на премиерот Зоран Заев, се оценува дека спорот за името влегува во завршница.

Премиерот Заев, во неделното интервју за МИА истакна дека верува дека преговорите се во вистинска насока и дека тој процес се доближува до моментот кога треба да следува средба помеѓу него и Ципрас.

– Тоа ќе значи дека напредокот во разговорите стигнал до тоа ниво за да се премине и на ниво на премиери на државите. Ако слушнат граѓаните дека се закажува средба помеѓу Заев и Ципрас, тоа значи конкретна практична потврда дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение. Јас верувам дека тоа е возможно, јас верувам дека е добро за Македонија да се случи колку што може порано поради тоа што тоа за нас значи комплетна гаранција за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, но и автоматска покана за членство во НАТО, вели премиерот Заев.

Тој го повтори ставот дека за него црвени линии во преговорите се зачувување на достоинството и идентитетот, односно решение кое е достоинствено за двете страни.

– Верувам дека досегашната посветеност на процесот, чекорите кои што се покажани овозможуваат придвижување. И се придвижуваме. Има позитивен исчекор од Виена за кој верувам ќе биде заокружен дополнително на 11 или 12 април, на следната средба помеѓу министрите. На крајот на април, или, можеби, почетокот на мај, можно е да имаме средба на премиерско ниво. Тоа секако зависи од двете страни. Но треба да знаат граѓаните, важно е прашањето, премногу важно, но не по секоја цена, истакнува премиерот Заев.

Тој нагласува дека во врска со можното решение очекува конструктивен пристап и од страна на опозицијата и од Претседателот на државата, доколку националните интереси им се пред сѐ и над сѐ, без разлика на политичките афилијации, а евентуалниот успех, вели би бил успех на сите нас, заедно.

Заев е дециден дека во преговорите за името, нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција, и дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера. Тој нагласува дека и членството во НАТО не е можно без решение за името, што му било кажано од генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг и затое е убеден дека треба да бидеме 100 процентно фокусирани на отворање на перспективите на нашата земја.

По средбата Димитров-Коѕијас во Охрид извесна е нова средба на државно – политичкиот врв за името. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува таа да се одржи претстојниот викенд.

Идната недела на 17 април, пак, ЕК ќе го соопшти Извештајот напредокот на земјата, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Вицепремиерот Бујар Османи во видео порака на почетокот од месецов изјави дека од претстојниот Извештај очекува валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство. Тој воедно, упати порака до политичките партии во Парламентот да постигнат консензус и да ги изгласаат некои од клучните реформски закони кои се уште чекаат да бидат донесени. Извесно е дека во Собранието во текот на неделава ќе бидат донесени реформските закони, за кои е постигната согласност меѓу работните групи на опозицијата и владејачкото мнозинство. Се очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по седницата за интерпелација да се вратат во Парламентот и да гласаат за овие закони.

Спорот за името неодминливо како и секоја година ќе се најде меѓу забелешките во Извештајот со оглед дека ЕУ и во својата нова Стратегија за проширување упати јасна порака дека сите земји-кандидати имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите, но дека дека нема да се дозволи увоз на билатерални спорови.

Еден ден по објавувањето на Извештајот на ЕК во Брисел, во Скопје ќе допатуваат високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Според најавите од Владата, двајцата ќе учествуваат на Дигиталниот самит за Западен Балкан чиј домаќин е Скопје. Покрај барање во однос на спроведувањето на реформите, двајцата се очекува да ги охрабрат властите во Македонија и Грција за изнаоѓање решение за спорот за името.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју викендов за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост.

– Разликите со Скопје се проблеми со историски карактер, со идентитет, со наследство и култура. Овие прашања се чувствителни. Но, можат да се решат со смелост, како што правиме сега. Додека, пак, со Турција имаме проблеми со геостратешки и геополитички претензии, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто за германскиот весник.

Во меѓувреме, грчки медиуми објавија дека најблиските соработници на грчкиот премиер Алексис Ципрас размислуваат евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство од 180, место досегашните 151 пратеник, што како предлог веќе се наоѓа на маса.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Никос Мерѕос, грчки писател, историчар, новинар, поранешен советник на неколку грчки премиери и поранешен претседател на грчкото „Друштво за македонски студии“ изјави дека е потребно да се најде решение на проблемот со името, а со еден чесен договор, нема да постојат никакви двоења.

– Потребно е да се најде решение. Точка. Ова требаше да се заврши уште во 1992-1993. Тогаш разговарав јас со Глигоров, бевме многу блиску…Треба да најдеме решение и едниот народ да не го навредува другиот. Особено посилниот да не го навредува послабиот, но и послабиот да покаже разбирање, да покаже вистинско пријателство. Јас сум сигурен, убеден сум, од она што го имам поминато во животот, дека ако се постигне договор, со чесен договор, за 20 години нема да постојат никакви двоења, објаснува Мерѕос.

Мерѕос во изминатиот период, преку текстовите и обраќањата во Грција, повикува да се реши проблемот, а неговиот став се поклопува со оној на грчката влада – договор со сложено име.

Извор: МИА

Tags: ГрцијаДимитровЕКЗаевизвештајимеКоѕиасМакедонијаОхридспор
Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ