Дводневна работилница на тема „Подобрување на системот на правна заштита во врска со азил и натурализација“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, поврзана со интеграцијата на косовските бегалци, трајните решенија за нив како и доброволното враќање, јавува МИА.
Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и Високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (ОН)-Канцеларија Скопје.
Работилницата ќе ја отворат народниот правобранител, Иџет Мемети и претставникот на Високиот Комесаријат за бегалци на ОН –Канцеларија Скопје, Даг Сигурдсон.
На Конференцијата свои излагања ќе имаат претставници од канцелариите на Омбудсманите на Црна Гора, Албанија и на Косово, Здружението на млади правници, како и претставници од Центарот за интеграција на бегалци и странци при Министерството за труд и социјална политика, Секторите за азил и за странци при Министерството за внатрешни работи, како и од Управата за водење на матични книги при Министерството за правда.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.