Пред 69 години, на 23 октомври 1956 година во Будимпешта, започна унгарското востаие, кое беше обид за национална револуција против владата на Унгарската Народна Република и политиките предизвикани од потчинувањето на владата на Советскиот Сојуз.
Востанието траеше 15 дена пред да биде задушено од советските тенкови и трупи на 7 ноември 1956 година (надвор од Будимпешта, престрелките траеја најмалку до 12 ноември 1956 година). Илјадници беа убиени или ранети, а речиси четвртина милион Унгарци ја напуштија земјата. 69 години подоцна, во Укгарија се случува ревирзибилен процес, откако унгарскиот премиер Виктор Орбан е во налет повторно да ја потчини Унгарија под влијание на Русија.
По тој повод, како што пренесува Meanwhile in Ukraine, Роберт „Маѓар“ Бровди, командантот на Вооружените сили без екипаж на украинската војска, им се обрати на Унгарците на годишнината од Востанието во 1956 година:
Пред 69 години, историската татковина на мојот татко, Јосип Бровди, смело рече „не“ на црвената диктатура…
Денес, Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани – тој не ја почувствувал болката на своите предци или веќе ја заборавил, продавајќи им на своите потомци универзалниот идиом „Унгарија пред сè“, додека крвавите пари и моќта му одат во глава.
Луѓе на Унгарија! Знам дека ќе се соберете и ќе најдете алтернатива.
Маѓар се надева дека Унгарците ќе му кажат на Орбан да „се изгуби“ на изборите, исто како што нивните предци им рекоа на Советите пред 69 години.
Д. Мишев












