Руски војник стациониран на Крим, подгревајќи го својот ручек, уништил еден оклопен транспортер БТР-82, чија вредност изнесува 400.000 евра.
Имено, Семен Мережњиков ископал дупка крај возилото, за во неа да запали оган и да си го подгрее конзервираниот оброк. Пламенот потоа, за несреќа го зафатил и оклопното возило, па тоа било целосно уништено.
Оваа незгода можела да има и уште потрагичен исход, оти на снимките се гледа како додека војникот Мережњиков, му објаснува на надредениот офицер што се случило, го гаси и рачниот минофрлач зафатен од огнот.
Војникот доби казна од шест месеци затвор.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.