• Latest

Шљам!

November 3, 2017

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шљам!

November 3, 2017 11:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ни рекоа дека не заслужуваат да им обрнеме внимание, дека не се на нашето ниво, дека преку нас се обидуваат да привлечат внимание и да изнудат некое лајкче, а можеби и да инкасираат некој денар од лево-десно. Јас се согласувам со сите констатации и најчесто ги игнорирам, но сфатив и дека понекогаш треба да им се покаже каде им е местото – в ќош! Добро е тоа, за здравјето на јавноста, кога веќе јавното здравје отиде по ѓаволите.

Пишува: Џабир Дерала

Како и да е, нема ова писание да го трошам на некој од нив поединечно. Нема да им ги споменувам имињата, а нема ни да ги тужам, бидејќи гледам дека судството сѐ уште ни светка со сјајот на Сфаровски. Навистина не се вредни за моето внимание како поединечни мизерии. Повеќе сакам да пишувам за нив како за појава. Грда појава…

Тоа се никаквеци и паланечки рекетарчиња, еден полусвет кој се накоти во долгите години медиумски мрак. Овие човеколики (и не толку човеколики) суштества вегетираат на главните сообраќајници на јавноста, како плевел во постапокалиптичните сцени во филмовите. Тие се жители на мочуриштето на разореното општество во кое нема интелигенција, туку сплет од ниски страсти и основни пориви за одржување. И така, режимот ги изнедри овие мутанти во социјалната лабораторија, каде што имаа посебно место – играа за режимот, а глумеа опозиција. Сега се веќе набабрени, мрсни гадинки кои се закачуваат на здраво месо и цицаат крв.

Редат зборови чие значење не им е потполно познато, нивните мозочиња се закржлавени, а душите им се загадени… Се расфрлаат со пораки, пароли и морализми, а речникот им е кочијашки. Многу се „загрижени“ за слободата и правдината. Дел од нив „се грижат“ и за животната средина. Всушност, ним не им е грижа за ништо и за никого, бидејќи се болно зависни од својата неспособност да станат вистински личности. Не им е грижа дали ќе доведат некого во опасност, затоа што се неодговорни и плитки. Кликовите на Фејсбук за нив се единствената амбиција и мерило за успех. Не знаат што значи работа. Далеку се од интелигентни. Тие се како партал во центрифугата на настаните, без контакт со реалноста.

Талкаат по улиците без компас, за гага пијачка би дале сѐ, буквално. Имаат матни зделки зад себе и секоја ноќ се молат да ги одмине чашата, да се извлечат од обрачот кој се стега околу нив. Очајнички се обидуваат да се прикачат на некоја композиција, макар и како дамка од птичји измет на тркалата, па така да преживеат уште некој ден, во некое топло општинско или владино катче. Ден за ден, им минува времето во тегобни и бессони ноќи во кои не знаат што да прават со својата самотија, немир и страв да не бидат разобличени. Срам немаат, не знаат што е тоа. Но, се плашат за своите бедни кожички. Бидејќи, до толку знаат – за нив останува само рекетот и ситните, лигави одмазди до крајот на нивните мизерни животи, ништо друго.

Да. Грди се и осамени. И не можат да си помогнат. Безначајни и штетни, но и упорни, како прашината која постојано се собира на полиците. Бесрамно лажат, вулгарни се и евтини. Конфузни, фрустрирани и неодговорни аматери, желни за внимание… Се прашувам, ги знаат ли по дома што прават? Или сите кренале раце од нив, додека тие се манијачат во својот осамен свет во кој нема луѓе, туку само сеништа и пакост… Шљам!

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (4/11/2017)

Tags: вулгарностговор на омразакриминалциМедиумисоцијални мрежиштетници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ