“Нема да дозволиме нови криминални избори, ќе мора Никола Груевски овој пат да се соочи со граѓаните на слободни, фер и демократски избори. Во име на СДСМ, да му порачам и на Уставниот суд. Имате рок до 18 јуни да се произнесете и да кажете дали Специјалното јавно обвинителство е уставен орган во Република Македонија. Затоа што тоа е единствениот орган, којшто работи без канџите на ВМРО ДПМНЕ. И затоа велат дека бил про – СДСМ. Не! Луѓето си ја работат работата согласно со законот, не се ничии, но онаму каде што владее законот,таму нема место за Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ!“, порача Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, синоќа на протестот на Шарената револуција во Прилеп.
Текст, видео и монтажа: Моника Талеска