• Latest

Што претставува НАТО?

April 3, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Што претставува НАТО?

April 3, 2018 13:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО или Северноатланската алијанса е меѓународна безбедносна организација со седиште во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со која членките се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица. 

НАТО претставува политичко и воено здружување кое поврзува 29 земји членки од Европа и Северна Америка.  Досега земји членки на НАТО се: Албанија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција, Велика Британија, САД и Црна Гора.

Во 2009 година и Република Македонија требало да стане земја членка на НАТО, но поради недоразбирање со Грција околу уставното име, таа го блокирала пристапот на Букурешкиот самит.

Секоја земја членка на НАТО, има своја постојана делегација во седиштето на НАТО во Брисел, и на чело на таа делегација стои амбасадор кој ја претставуваа својата влада во консултативните процеси и носење одлуки од страна на Алијансата.

Највисокото одлучувачко тело во рамките на организацијата е Советот на Северноатланската алијанса, кој се состанува на повеќе нивоа, а со него заседава Генералниот секретар на НАТО.

Кога НАТО договара некоја операција, членовите доброволно придонесуваат со своите сили, и штом заврши мисијата, овие сили се враќаат во својата земја.

Секојдневните активности на НАТО, цивилните и воените структури и програмите насочени кон безбедноста се финансирани од заеднички буџет во кој придонесуваат владите на земјите членки во согласност со договорена формула за поделба на трошоци.

Што работи НАТО?

Работата на НАТО е посветена на заштита на своите членки со помош на политички и воени средства и исто поттикнува советување и соработка со земји кои не се членки на НАТО, како на пример во областа за реформите во одбраната и одржување на мирот.

НАТО се заложува за демократски вредности и мирно решавање на спорови, а во случај на неуспешни дипломатски обиди има доволно воен капацитет за започнување операции за управување со кризи, самостојно или во соработка со други земји и меѓународни организации.

Третата димензија на НАТО се состои од активности во областа на планирање на цивилната заштита, помагање на сојузниците и земјите партнери во справување со катастрофи.

Суштинското значење е да се стабилизираат регионите каде има закана за безбедноста, и НАТО во соработка со други меѓународни организации презема активна улога во операциите за управување со кризи.

А. Петровска

Tags: воен сојузЕвропаМакедонијаНАТОСАДСеверноатлански сојуз
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ