• Latest

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите на протести не и се непријатели

June 12, 2018

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите на протести не и се непријатели

June 12, 2018 12:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право. 

Ова го порача денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на отворањето на работилницата посветена на подобрување на безбедноста на новинарите за време на критични настани, во организација на ЗНМ, МВР, со поддршка на ОБСЕ.

Селмани нагласи дека обуките за безбедност на новинарите за настани од висок ризик се заедничка заложба на ОБСЕ, ЗНМ и МВР со цел да се изградат институционални механизми за создавање побезбеден амбиент за новинарската работа.

– Едногласни сме дека насилството врз медиумските работници е неприфатлива практика за една демократска земја. Како важен елемент во функционирање на демократските процеси тие имаат право да работат во амбиент без закани и притисоци. Нивната мисија за информирање на граѓаните и барање отченост од секоја влада нема да се исполни ако работат во услови на страв и несигурност, рече Селмани.

Изрази уверување дека состојбата со медиумите во Македонија значително ќе се подобри ако се стави крај политиката на неказнивост на нападите врз новинари.

Работилницата е дел од напорите за подобрување на соработката меѓу новинарите и полицијата, откако МВР и ЗНМ во декември минатата година потпишаа меморандум за соработка.

На рабтолницата раководителите на секторите за внатрешни работи заедно со новинарите детални ги анализираат проблемите со цел да се подобри комуникацијата меѓу нив и во иднина секој во својата сфера на дејствување да дава придонес за демократизација на општеството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека примарно за секое деморкатско општество е непречено работење на медиумите.

– За жал во последните неколку години бевме сведоци на бројни напади и притисоци врз новинари. Нема никакво оправдување за ваквите напади. Ставот на владата е јасен и постојано го повторуваме – нула толеранција за каков било обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, рече Спасовски.

Од 1 јуни 2017 година до денес регистрирани се 12 случаи во кои е загрозена безбедноста на новинарите и сите 12 се расчистени од страна на МВР.

Насилството врз новинарите содржи повеќе аспекти, посочи в.д. амбасадор на ОБСЕ Џеф Голдстајн на отворањето на настанот.

Појасни дека насилството врз новинари не се само вербални и физички напади, туку и незаконски притворања, уништување имот, произволни рации во редакциите или во домот на новинарите, говорот на омраза, напади на социјалните мрежи и закани за сексуални напади врз новинари жени.

Мисијата на ОБСЕ, како што посочи Голдстајн од лани почнала повторно со активности во сферата на слободата на медиумите, со фокус на безбедноста на новинарите, поради тоа што сметаат дека новата влада ќе биде подготвена да соработува со новинарските здруженијата и меѓународните организации за подобрување на ситуацијата.

Последните две работилници денеска и утре се реализираат во Скопје, а претходно вакви работилници имаше во Охрид, Куманово, Штип, Струмица и Тетово. Обуките, меѓудругото, имаат цел да ги запознаат припадници на полицијата за важноста на улогата на новинарите за информирање на граѓаните за настани од висок ризик, како што се протестите. (МИА)

Tags: безбедностдемократијаЗНММедиумиНасер СелманиОБСЕполицијаслобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ