• Latest

Што се крие зад заканите на премиерот

December 15, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СТАВОВИ

Што се крие зад заканите на премиерот

Острите тонови и закани со судско гонење и кривични санкции против тие што наводно сеат страв од прифаќање на емигранти откриваат дека Мицкоски е од нешто многу исплашен

December 15, 2025 16:04
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Премиерот Христијан Мицкоски е многу вознемирен од вестите што стасуваат од Велика Британија, а се пренесуваат кај нас за прифаќање на нивните селектирани емигранти кои не можат да добијат азил, да бидат префрлени  во Македонија. Јавноста, пак, е вознемирена од неговата закана институциите да преземат мерки против сите што наводно сеат паника и страв. Се разбира, тоа не е повик за цензура, таа веќе е инсталирана во најголемиот број медиуми и дава одлични резултати.

Начинот на кој ги соопштува премиерот своите закани кога ги повикува органите да поведат процеси против тие што ги пренесуваат текстовите од британските весници со што се „шири паника и страв“ многу повеќе кажуваат дека тој сее страв и во јавноста и во медиумите. Острите тонови и закани со судско гонење и, како што вели, со кривични санкции откриваат дека Мицкоски е од нешто многу исплашен.

Таков повик, колку што паметам, немало ни во комунизмот некој функционер да се заканува за пренесени текстови од странскиот печат. Напротив, во весниците имаше посебни страници што пишуваат светските медиуми и за Југославија и за Македонија, често и критички анализи. Главните теми кај нас година и пол дена се „предавничката и криминална опозиција“ и корумпираните странски платеници во медиумите, наспроти многу успешната и чесна влада.

Заканата институциите да преземат казнени мерки е, всушност, опомена пред се до граѓаните да не веруваат во таквите вести. Премиерот повикува на молк на оваа тема оправдувајќи го тоа, како што вели, дек лажните вести од Британија  ги користи опозицијата да ја дестабилизира  државата. Не гледам причина Мицкоски да биде вознемирен од нешто што не договорил и, како што кажува, го демантирал.

И тој и Александар Николоски точно знаат што договориле во Лондон. Ама знаат и домаќините од каде што протекоа вестите и во угледни британски медиуми. Дали освен шесте милијарди евра на располгање за разни проекти има уште нешто како, на пример на Косово и во Албанија, каде јасно и гласно највисоките функционери им соопштија на граѓаните  дека емигрантите ќе бидат прифатени со благодарност и за тоа веќе се градат прифатилишта, а некои кампови веќе се изградени.

Тајните договори предизвикуваат сомнежи

Премиерот Мицкоски не е уверлив во својата аргументација дека ќе поднесе веднаш неотповиклива оставка ако до пролет се открие еден емигрант од Велика Британија, повеќе делува како обид да ги сокрие големите грешки што ги прават тој и владата со тајни договори и преговори, па сега им треба да ечат тревоги и да ги заплашуваат малкуте медиуми критички определени и граѓаните кои се сомневаат дека тука има нешто што не смее да го дознае јавноста.

Недостасува уште повикот до претседателот на државата и Советот за безбедност под итно да прогласат вонредна состојба во земјата. Институциите, се мисли на полицијата, ако треба и армијата, обвинителствата, судовите, агенциите за безбедност да преземат строги мерки против сите што сеат страв и работат за дестабилизација на државата. Секој што ќе спомне јавно емигранти и кампови мора да биде приведен и  казнет.

Мицкоски го впери прстот на закана кон Венко Филипче и СДСМ дека стојат зад ова  сценарио, а кој друг ако не предавничката опозиција во спрега со домашни и  надворешни непријатели. Се работи за обиди да се предизвикаат немири и хаос во земјата со цел да се урне владата. Таа стратегија е  добро е позната во татковинската револуционерна партија која има богато искуство со вознемирување на јавноста како најдобра предизборна кампања не само со опасноста од стотици илјади емигранти кои изминатите години поминаа низ Македонија итајќи на Запад, туку и со големите велепрадавства на државните интереси во односите со соседите. И разни други драмолетки кои се постојано на репертоарот.

Повиците  на заплашување веќе дава резултати, патриотите почнаа да ги напаѓаат предавничките медиуми кои ги критикуваат владините големи успеси. А, фрчат и тужби за  вестите дека европските пари звршуваат и во приватни џепови. Наводно и тоа било лага. Вистината ја објавуваат, а во најдобар случај ја премолчуваат, големата мрежа на  провладините медиуми откривајќи спектакуларно скандали на велепредавниците од претходната власт за најцрните седумгодишни гладни години кои ја урнаа најдобрата македонска влада која ги постигна најголемите успеси во 11 годишната ера на груевизмот.

Вистината брзо ќе се дознае

И сега кога е на повидок уште една таква успешна апсолутна власт како на Никола Груевски предавниците пак фрлаат камења врз шините на брзите возови што „летаат“ кон револуционерни промени за изградба на европска Македонија. Е, па не може да го закочат успехот на генијалната политика на ВМРО-ДПМНЕ наречена откочи–закочи, два чекора напред, три назад.

При вакви резултати критиките за злоупотребите на власта, за измислени емигранти многу го налутиле премиерот затоа што  мораше да го прекине краткиот одмор по макотрпната  работа, како што рече, да се посвети на визијата за Македонија. Секогаш по изборните победи Мицкоски се повлекува во длабоко размислување за иднината на Македонија. Но, за жал, домашните непријатели и предавници во спрега со слабата опозиција не го оставаат на мира да донесе револуционерни решенија како што доликува на револуционерната партија. Шака јада се обидува, се разбира безуспешно, да го спречат да ја врати гордоста и достоинството на народот и да ја направи во неговиот мандат Македонија, заедно со Албанија и со Црна Гора да стане просперитетна европска држава за која толку многу се залага.

Без срам и перде предавниците бараат Бугарите во Македонија да влезат во уставот заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите, Египќаните… и да бидат малцинство. Е, тоа нема да помине додека е тој премиер. Без гаранции од ЕУ да нема повеќе вета ни од Бугарите, ни од било кој друг, нема попуштање ни за милиметар од сѐ по дебелите црвени линии на премиерот. Тоа е најубавата вест позната од историјата како туѓото не го сакаме своето не го даваме ако треба и сто години ќе се бориме до последниот патриот да останеме таму кај што сме.

Ако не нѐ сака Европа, ние ќе се преселиме кај нив. Тоа ни оди мошне добро. Полни се авионите и автобусите со македонски емигранти кои патуваат во гнилиот Запад. Бегаат ли бегаат заедно и предавниците и пишман патриотите од големиот пензионерски дом и најголемата европска коцкарница каде влогот на рускиот рулет е животот. Веќе поарчивме три четири генерации. За оваа наша нова турбо емиграција не треба воопшто да бидеме загрижени бидејќи кај нас како нивна замена ќе стасаат емигранти од Запад и од Исток, од Север и од Југ за кои ќе добиеме милијарди. Лошата вест е што до пролет нема да стигне ниту еден емигрант. Тоа цврсто го вети премиерот Мицкоски. Само еден ако стаса од Велика Британија тој ќе поднесе оставка. Тоа важи до пролет. Јас му верувам на премиерот не дај боже само еден да стигне во Македонија подметнат од Филипче, што ќе правиме после без Мицкоски.

Убавата вест е ако првиот бран емигранти стигне на лето, или до крајот на ова, или идните годните тогаш понудата за оствка не важи. Така ќе ги добиеме и милијардите од добрите и штедри Англичани, а ќе добиеме и работна рака. А, и Мицкоски на сенародно задоволство ќе си остане премиер. Староседелците кои ќе преживеат до тогаш ќе уживаат во придобивките на оваа мудра политика. Ем пари од сите страни, ем емигрантите ќе работат и за нас и за нив.

Има само една мала опасност од искуството што веќе го имаме со емигрантите. Тие за жива глава не сакаат да останат во Македонија. Стотици илјади веќе поминаа низ Македонија како експресен транзит на Запад. Ни еден не остана во Недојдија. Даваа лоши изјави дека сме биле посиромашни од таму од кај што избегале, а неспоредливо со она од кај што сега ги протеруваат. Сиромаштијата била полоша и од војна.

Како и да е, вистината брзо ќе се дознае. Ако нема мигранти од Британија, а важи договорот за шесте милијарди под многу поволни услови кои никој не ги знае, тогаш навистина немало обврска во Македонија да дојдат ,мигранти на кои Британија не им дава азил. А, и да имало некаква обврска за прием на ,мигранти Мицкоски може брзо да ја откаже. Што мислите дали тогаш ќе важи пристапот за шест милијарди евра.

Ете, затоа, треба да му се даде целосна поддршка на Мицкоски да се повлече уше неколку дена на размислување, оти кога тој размислува за иднината на Македонија се случуваат чудесно убави работи. Веќе наслушнав од врвот на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот овој пат ќе излезе пред јавноста со епохално решение имајќи ги предвид големите геостратегиски промени на светот. Но, прво треба да се отстранат тие што ја дестабилизираат државата. Така, Македонија нема да биде монета за поткусурување при договорите за мир во Украина. Претседателите Владимир Путин, Доналд Трамп, Ши Џинпинг и европските лидери толку многу биле одушевени, а богами и уплашени од цврстиот став на Мицкоски што веднаш се согласиле Македонија да стане членка на ЕУ со политичка одлука. За возврат побарале Мицкоски само да ја каже формулата како успеа да го исчисти загадувањето на Скопје на ниво на Виена на еден час, како што се случи минатата недела, па да се спаси и светот. Како сега ќе им каже дека во неделата дувнал посилен ветер од Шар Планина па исчезнале и маглата и загадениот воздух.

Среќна Нова 20.. На двете последни  точки од новогодишната честитка притиснете како на ZIP датотека и ќе го добиете целосниот одговор кога ќе станеме членка на ЕУ. Ако не излегува ништо тогаш допишете сами.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен. 
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ