• Latest

Скопје и Софија ги усогласуваат ставовите, ВМРО-ДПМНЕ бара референдум!

October 24, 2017
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје и Софија ги усогласуваат ставовите, ВМРО-ДПМНЕ бара референдум!

October 24, 2017 16:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши, престојува во официјална посета на Софија, на покана на неговата бугарска колешка, министерката за енергетика, Теменужка Петкова. На средбата двајцата министри ја истакнале добрата соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, безбедноста на снабдувањето со енергија, диверзификацијата на енергетските извори, како и важноста на новите интерконекциски врски и регионалната соработка.

Посебен акцент за време на состанокот беше даден на преземањето на Претседателството со Советот на Европската унија од  Бугарија, од 1 јануари 2018 година. Фокусот на бугарското претседателствување ќе биде Западен Балкан, при што бугарската страна изрази подготвеност да ја поддржи Македонија во инфраструктурните инвестиции во областа на енергијата и нејзиниот пат кон интеграција во структурите на ЕУ.

Според бугарската министерката за енергетика, за балканскиот регион голем проблем е недоволната инфраструктура, а Бугарија активно работи на неговото решавање.

За време на престојот на министерот Бектеши во Софија, се одржа и првиот состанок на работната група меѓу македонските и бугарските делегации во рамките на Меморандумот за соработка во областа на природниот гас, потпишан неодамна во Скопје (1 август 2017 година), на кој се разговараше и за можностите за изградба на нова интерконективна врска меѓу Македонија и Бугарија на полето за природен гас, вклучувајќи ги и техничките, финансиските и регулаторните аспекти на изградба на врската.

И покрај приближувањето на Скопје и Софија, како контрапотег, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека сака да поднесе иницијатива до Собранието на Република Македонија за распишување референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот со Бугарија носи трајни последици за македонскиот идентитет и граѓаните на Македонија имаат право да се изјаснат за него. Во одлуката на партијата стои дека на граѓаните мора да им се дозволи да го кажат мислењето за договорот со Бугарија и дека граѓаните на Македонија се чувствуваат како оштетената страна на договорот, бидејќи според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е страната која трпи голем број на отстапки и обврски, а Бугарија – не.

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека партијата е целосно посветена на евроинтегративните процеси на државата и дека „такви асиметрични, изнудени и брзоплети договори на штета на едната страна, не се воопшто во духот на европските и демократските вредности“.

„Впрочем, добрососедство се гради со дела и со доверба, а не со негирања, заглавување во минатото и рушење на достоинството на другата земја. Ова не носи ниту иднина, ниту европски придобивки, ниту пријателство, туку само огорченост и виткање на кичмата на македонскиот народ, на македонската држава, на македонската историја и историографска наука“, изјави Јовановски.

Од друга страна, СДСМ одговори дека своевиден референдум претставувале токму изборите од 15 октомври и дека сите барања на опозицијата се зашто таа не знае како да го сокрие својот пораз на изборите.

„Резултатите од првиот круг на локалните избори недвосмислено ја докажуваат јасната поддршка на граѓаните за заедништво и соработка за кои се определи Македонија, наспроти непријателството и омразата што ВМРО-ДПМНЕ ја шири веќе 11 години. Договорот за добрососедство со Бугарија затвора долгогодишно отворено прашање и истиот е во интерес на двете држави и нивните граѓани. Тој е добар за националните и државни интереси на Република Македонија“, реагираат од СДСМ.

 

Tags: БугаријаВМРО-ДПМНЕенергетикаКрешник БектешипосетареферендумСДСМСофијаТеменужка Петкова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ