Претседателот на Алијанса за Аlбанците, Арбен Тараври, во интервјутo за ЦИВИЛ Медиа, истакна дека за уставните измени ќе се најде решение до почетокот на септември.
View this post on Instagram
„Јас сум оптимист дека уставните промени ќе се случат. Зборуваме нормално и комуницираме со луѓе од СДСМ, од ВМРО, од сите политички партии. Јас знам луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои мислат дека е добро овој проблем да се реши сега, па потоа да се оди на избори, дали има пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои би гласале тоа не знам, меѓутоа јас сум оптимист дека сепак ќе се изнајде некакво решение и некаде крај на август почеток на септември, кога прв пат треба да се гласаат устабните измени јас сум оптимист дека тоа ќе помине“, нагласува Таравари.
Д. Јонузи
Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ