• Latest

Трајанов: МВР е центар за манипулации и кршење на изборните правила!

July 19, 2016

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Трајанов: МВР е центар за манипулации и кршење на изборните правила!

July 19, 2016 13:47
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако се ограничат надлежностите на министерот за внатрешни работи, ќе се повтори сценариото од претходните избори!“, вели во разговорот за  ЦИВИЛ Медиа, ексминистерот за внатрешни работи Павле Трајанов, со кого разговаравме за позицијата на првиот човек во МВР, неговата улога во исполнување на условите за фер и демократски избори, и зошто околу ова прашање не може да се постигне консензус… Според него, се работи за „трикови на ВМРО–ДПМНЕ  пред јавноста, за да се пролонгираат изборите, затоа што очигледно анкетите не им одговараат. Сега, сакаат да пролонгираат,  да земат 650 милиони евра, да ги наменат за предизборна корупција…“

dsc_0195-470x246

„Мојот став е дека министерот за внатрешни работи треба да ги има сите надлежности, исто како и сите други министри, со цел капацитет. Бидејќи извршува особено исклучителна важна функција, и има многу надлежности околу изборите, не може да се предвидуваат ограничувања. Треба да има можност да го формира својот тим, да предложи директори на двете служби – за контраразузнавање и на Бирото за јавна безбедност, и на сите раководни позиции за кои смета дека треба да има промени. МВР е гарант за кредибилни избори, околу прочистувањето на Избирачкиот список, спречувањето на можни нереди на самиот ден на изборите, околу превентивното делување да нема корупција, злоупотреба на државните институции и на државните средства… Се ова на еден или друг начин го контролира МВР“, смета Трајанов.

На прашањето, зошто партиите не можат да се договорат за оваа позиција во преодната влада, Трајанов одговори:

„Власта бара да има ограничување на надлежностите, затоа што, како што слушнавме од снимените разговори од Гордана Јанкуловска,  МВР е центар за манипулации и кршење на изборни правила! Тоа покажува дека имаат намера да го повторат тоа сценарио од претходните избори. Од тие причини, бараат на самиот ден после изборите, министерот за внатрешни работи да поднесе оставка. Министерот треба да биде сменет кога ќе се константира нова влада, затоа што изборите не завршуваат на денот на гласањето. Кога ќе се конституира парламентот, ќе се формира Влада, се дотогаш оваа преодна влада ќе ја извршува функцијата,  ќе биде влада во оставка. Но, тоа се трикови на ВМРО–ДПМНЕ  пред јавноста за да се пролонгираат изборите, затоа што очигледно анкетите не им одговараат. Сега, сакаат да пролонгираат,  да земат 650 милиони евра, да ги наменат за предизборна корупција… Сакаат колку можат подолго да останат на власт “, заклучува Трајанов.

 

Tags: избориконтраразузнавањеКорупцијаМакедонијаМВРПавле ТрајановЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ